Спорт
Ред бул официјално побара нова казна за Хамилтон за судирот во Силверстоун

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) повторно ќе го разгледува контроверзниот судир помеѓу Луис Хамилтон и Макс Ферстапен од британското ГП откако Ред бул официјално побара преглед на инцидентот.
Двајцата возачи, заедно со претставниците на Ред бул и Мерцедес, се повикани кај стјуардите пред унгарското ГП в четврток, каде што ќе се утврдува дали на Хамилтон му следува поостра казна од таа од 10 секунди што ја доби за инцидентот. Официјално, според регулативите, за да се разгледува случајот повторно, потребни се нови докази и се верува дека Ред бул има снимки и податоци што ја покажуваат вината на светскиот шампион.
Покрај тоа, Ред бул го посочува фактот што Хамилтон влегол во кривината Корпс најбргу во споредба со сите преостанати 51 круга на трката и дека тоа влијаело на неизбежноста на судирот.
Шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер, го нарече Хамилтон очаен и опасен за потегот предизвикувајќи го судирот кој го чини Ред бул 1,8 милион долари.
Покрај ова, се појави и нова снимка и реконструкција на инцидентот, во кое е очигледно дека Ферстапен се обидел да го избегне контактот, но дека тоа било невозможно да се направи.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гвардиола: Ако не влеземе во ЛШ, некои фудбалери нема да сакаат да дојдат кај нас

Манчестер сити одамна не е конкурентен во борбата за титулата англиски шампион, а до крајот на сезоната ќе води жестока борба за пласман во Лигата на шампионите. Им оди во прилог и податокот дека Англија следната сезона во елитата ќе биде застапена со пет клуба.
За ова е свесен и тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, кој истакна дека клубот ќе се најде во исклучително тешка ситуација доколку следната сезона не обезбеди учество во Лигата на шампионите.
„Прилично сум сигурен дека играчите прво ќе ги изберат оние клубови кои ќе играат во Лигата на шампионите. Можеби некои играчи ќе дојдат дури и ако не играме во Лигата на шампионите, но сигурно ќе има и такви кои нема да сакаат да дојдат доколку не избориме пласман. Се уште не сум разговарал со никого, па не знам”, изјави шпанскиот тренер на прес-конференцијата пред натпреварот со Евертон.
Тој се осврна и на заминувањата откако Кевин де Брујне објави дека ќе го напушти клубот на крајот на сезоната.
„Освен Кевин де Бруине, другите имаат договори. Сега сме фокусирани на крајот на сезоната, имаме шест натпревари во првенството, плус Купот, а потоа 10 дена одмор и веднаш ќе одиме во САД на Светското клупско првенство“, изјави Пеп Гвардиола, чиј договор со „граѓаните“ е до летото 2027 година.
Спорт
Кој беше Никола Покривач? Хрватски репрезентативец и вистински борец

Никола Покривач (39) трагично загина во сообраќајна несреќа што се случи во петокот, околу 20:15 часот, на обиколницата Турањска во Карловац, Хрватска.
Во несреќата учествувале четири автомобили – две лица загинале, додека три лица се хоспитализирани.
Покривач е роден на 26 ноември 1985 година во Чаковец. Фудбалската кариера ја започна во помладите категории на Братство од Јуровац, а потоа настапуваше за Чаковец и Вартекс. Во клубот од Вараждин се проби во сениорскиот тим, каде тренер му беше и актуелниот хрватски селектор, Златко Далиќ.
„Златко Далиќ беше мојот прв тренер во Вараждин. Тогаш имав 17 години. Да не беше тој, немаше да ме има ниту мене“, често истакнуваше Покривач.
Откако стана младински репрезентативец се покажа како голем талент, што го привлече интересот на големите хрватски клубови, Хајдук и Динамо.
Во Динамо пристигна во јануари 2007 година, а една година подоцна се пресели во Монако за 3,5 милиони евра. Подоцна играше за Салцбург кој за него на Монако му плати 2 милиони евра, а потоа се врати во Динамо. Играше и за Интер од Запрешиќ, казахстански Шахтјор Караганди и Славен Белупо.
Со Динамо четири пати го освојуваше хрватското првенство и три пати Купот на Хрватска, а истото го постигна и со Риека. Во Салцбург го освои австрискиот шампионат. За хрватската репрезентација, за која одигра 15 натпревари, дебитираше во 2008 година на пријателскиот натпревар против Молдавија.
Под водство на Славен Билиќ настапи на Европското првенство во 2008. Последниот настап за репрезентацијата го имаше во 2010 година.
Фудбалерот водеше тешка битка со Хочкинсовиот лимфом, рак на лимфните јазли што му беше дијагностициран во 2012 година. Тој ја победи оваа болест три пати, а последниот пат животот му го спаси донацијата на коскената срцевина на неговата мајка.
„Бев во изолација 50 дена, никој не можеше да ме посети, можев да ги гледам луѓето само низ стакло“, вели тој во едно од неговите интервјуа.
Од 2021 година настапуваше за хрватските нисколигашки клубови Пушчу, Тигар од Света Недеља и Војниќ ’95.
Покривач зад себе остави не само богата фудбалска кариера, туку и силна животна приказна која инспирираше многумина. Иако не напушти, ќе остане запаметен како борец и голем спортски професионалец.
Спорт
Ливерпул го отпиша најскапиот играч во историјата на клубот

Дарвин Нуњез (25) дојде во Ливерпул од Бенфика во летото 2022 година за сума од 85 милиони евра. Тој стана најскапиот играч во историјата на клубот. И покрај тоа што има договор со „црвените“ до летото 2028 година, клубот повеќе не смета на него.
Ова го објави Фабрицио Романо: „Се очекува Нуњез да го напушти Ливерпул на лето. Клубот ја одби понудата од Ал Наср во јануари, но во следните месеци ќе ги разгледаат сите опции. Нуњез исто така е отворен за нов предизвик”.
Ливерпул плати рекордна сума за уругвајскиот напаѓач откако тој одигра одлична сезона за Бенфика, но не успеа да се манетне на „Енфилд“.
На 138 настапи за Ливерпул, тој постигна 40 и постави 26 гола, но стана далеку попознат по своите бројни и големи промашувања.
Сезонава на 42 настапи постигна седум гола, но само 17 пати беше стартер.
„Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 50 милиони евра.