Македонија
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да преговара за коалиција со сите партии кои се против Заев и коалицијата на власт

На денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на можни коалицирања за локалните избори истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да преговара за коалиција со сите партии кои се против Заев и коалицијата на власт.
„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ го имам јас соопштено неколку пати во минатото и ќе го повторам. Сите оние политички субјекти коишто ценат дека владата, власта во случајот предводена од СДСМ и ДУИ како мнозински партии, водат погрешни политики и водат политики коишто се на штета на мнозинството граѓани, на штета на државата, сите тие политички субјекти коишто ги споделуваат овие чувства, мислење, тврдење се добредојдени во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ е подготвена со сите тие да разговара и да преговара за коалиција уште пред одржување на првиот круг на локалните избори. Тоа ги вклучува тука и партиите на Албанците, Турците, Власите, Србите, Бошњаците, Ромите, Египќаните, македонските политички партии сите се добредојдени. Секој оној којшто има чесна намера и секој оној којшто мисли дека оваа власт ја води Македонија во пропаст е добредојден“, нагласи Мицкоски.
Тој истакна дека ВМРО-ДПМНЕ има принципиелен став дека препораките на ОБСЕ/ОДИХР треба да бидат дел од Изборниот законик и тука, како што рече, не постои дилема.
„Што се однесува до процентот утврден во предлог-изборниот законик, а кој го регулира бројот на потписи за независни листи, кои треба да се соберат изнесува 2 проценти според предлогот“, изјави Мицкоски, во однос на бројот на потписи за независни листи.
„Но, ние изразуваме целосно разбирање со помалите партии. И за ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо она решение кое власта заедно со нивните коалициски партнери ќе го договори“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Завршен првиот дел од санацијата на хидросистемот Ѓавато, кој повеќе од 4 години беше со пробиени цевки

Заврши првата фаза на санирање на хидросистемот Ѓавато. Бунарскиот дел е комплетно завршен, пуштена е водата и нема никаде протекување, објави премиерот, Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека останува уште една интервенција на цевката за испуст и со тоа ќе бидат дуплирани количините вода кои ќе се влеваат во Дојранското езеро.
„Каква беше состојбата пред интервенцијата? Повеќе од четири години пробиени цевки на двата функционални бунари. Потрошени повеќе од половина милион евра за електрична енерија, а ефектот минимален или никаков. Два функционални од десет направени бунари. Негрижа и срам. Во втората фаза ќе обезбедиме најмалку уште две бунарски пумпи за зголемен капацитет и побрзо полнење на Дојранското езеро. Владата во втората фаза ќе го задолжи ФОД при ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) да ги репарира постојните потисни пумпи. Конечно во последната трета фаза ќе инсталираме сончеви панели со батерии за акумулирање на електричната енергија и сопствено производство на електрична енергија. Нема трошење милиони евра од буџетот за електрична енергија“, напиша Мицкоски.
Македонија
СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата:
1. Бутел – Оливера Ливриниќ
2. Велес – Маја Хеско
3. Гевгелија – Миле Атанасов
4. Делчево – Дејан Глинџарски
5. Демир Капија – Лазар Петров
6. Конче – Благој Илиев
7. Кратово – Влатко Спировски
8. Кривогаштани – Игор Каравиловски
9. Македонски брод – Ивица Стојковски
10. Ранковце – Даниел Крстевски
11. Старо Нагоричане – Далибор Трајковски
„СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините’“, соопштија од партијата.
Македонија
Гужва на границите: на Богородица и Табановце се чека по 40 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, информира АМСМ.
На ГП Богородица времето на чекање за влез е околу 40 минути, на ГП Дојран времето на чекање за влез е околу 20 минути, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути, додека пак на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од денеска од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од министерство за внатрешни работи. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот.