Македонија
Мицкоски: Некои Резолуцијата ја поддржаа искрено, други помалку искрено, но благодарност до сите
ВМРО-ДПМНЕ го поздравува донесувањето на Резолуцијата во македонското Собрание со која јасно се оцртуваат национални и државни позиции во однос на македонскиот јазик, историја и идентитет, рече на денешната прес-конференција претседателот на опозициската партија, Христијан Мицкоски.
Неговото обраќање следеше откако со 95 гласа „за“, еден „воздржан“ и ниту еден „против“, Собранието денеска ја усвои резолуцијата за одредување на црвени линии во преговорите со Бугарија, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.
„Изразуваме задоволство што Собранието ја задржа содржината на Резолуцијата, таа остана во содржината таква каква што ја достави нашата пратеничка група“, посочи Мицкоски додавајќи дека текстот на Резолуцијата е базиран на научни темели и аргументи.
Како што кажа тој, како партија благодарни се на политичките субјекти кои искрено, но и на оние кои помалку искрено ја поддржале Резолуцијата.
„Ние сме рационални и знаеме дека зборот на власта не трае ни пет минути, но сметаме дека ваквата Резолуција како акт на законодавниот највисок демократски дом не може и не смее да биде прекршен и ќе биде обврзен акт за оваа и секоја идна Влада, претседател на држава и секоја институција по однос на идентитетските теми и прашања“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и дополни дека ваквата Резолуција, во нормални услови, требало да биде водена од власта во Македонија, а не од опозицијата.
Мицкоски порача и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане посветена на двата клучни приоритета кои се еднакво важни и неразделни, а тоа се евроинтеграциите на Македонија и заштита на македонските национални и државни интереси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега
Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците: на Транспортен центар и во Ѓорче Петров.
Од денеска, Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот. Од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, додека во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу. Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичницата во период мај – септември.
– По повод претстојниот државен празник „Ден на трудот“, од „Паркинзи на општина Центар“ известуваат дека паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани.
Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи на 02.05.2024 година (четврток) со вообичаено работно време.
Македонија
Колони возила на Богородица, се чека и по еден час
Според информациите на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека и по еден час за возила кои се упатиле кој Грција.
Од АМСМ информираат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, денеска се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа својата борба за осумчасовен работен ден.
Македонија
Се препорачува прилагодена брзина на движење поради можна појава на одрони
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат утрово од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.