Спорт
Руските пливачки злата предизвикаа меѓународен инцидент
Двократното злато на Евгениј Рилов во пливањето очигледно предизвика и меѓународен политички инцидент откако неговиот американски ривал и претходен шампион, Рајам Мафри, неосновано го обвини натпреварувачот за валкани игри.
Марфи двапати загуби од Рилов, на 100 и на 200 метри грбно, по што изјави дека пливал во трка „која најверојатно не е чиста“.
„Имам околу 15 мисли, а 13 од нив ќе ми донесат многу проблеми. Ментално е исцрпувачки да ја поминеш годината знаејќи дека не пливаш во трка која е чиста и тоа е тоа. Луѓето што знаат повеќе за ситуацијата ја направија одлуката. Немам можност да лобирам кај луѓето што прават вакви одлуки“, изјави Марфи.
Ова, секако, наиде на огромна реакција од страна на Рускиот олимписки комитет (РОЦ), чии 335 спортисти на Олимпијадата се принудени да настапуваат без националното знаме и химна.
„Ох, како нашите победи ги лутат ривалите. Да, тука сме на Олимпијадата. Оправдано и не е важно дали тоа ви се допаѓа. Мора да научите и да губите. Старата песна повторно почна за рускиот допинг. Некој ја тера оваа западна пропаганда преку устата на лошите губитници. Простете им на оние што се послаби. Господ е нивниот судија, а за нас поткрепа“, објавија од Рускиот олимписки комитет (РОЦ) во интересна објава на социјалните мрежи.
На подоцнежната прес-конференција Марфи инсистира дека не го обвинувал Рилов оти е допингуван.
„Да бидам јасен, немав намера да правам обвинувања, честитки до Евгениј, кој е талентиран пливач и работи напорно. Една од работите што ме фрустрира е што не можеме да кажеме дека трката е чиста поради тоа што се случуваше во минатото“, додаде Марфи.
Как же нервируют наши победы отдельных коллег по цеху. Да, мы здесь, на Олимпийских играх. Абсолютно по праву. Нравится это кому-то или нет.
А вот проигрывать надо уметь. Но не всем это дано. Старая шарманка снова затянула песнь о русском допинге. Кто-то усердно крутит ручку➡️ pic.twitter.com/1OgizY5cK0
— Olympic Russia (@Olympic_Russia) July 30, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фон Алмен победи во Супер-Џи и влезе во олимписката историја
Швајцарецот Франњо Фон Алмен го освои и третиот златен медал на Зимските олимписки игри во Милано и Коритна. По победите во спуст и тимска комбинација, Фон Алмен во средата триумфално ја заврши трката во Супер-Џи. Фон Алмен и го донесе првиот златен медал на Швајцарија, на Олимписките игри.
Патеката „Стилио“ во Бормио, Фон Алмен ја мина со време 1.25.32 минути. 13 стотинки зад него беше Американецот, Рајан Кохрејн-Зигер, кој го одбрани среброто во оваа дисциплина, освоено пред четири години во Пекинг. Третата позиција му припадна на уште еден Швајцарец, најолемиот фаворти за златото пред почетокот на трката, Марко Одермарт.
Фон Алмен со денешната победа влезе во олимписката историја, со три златни медали, го изедначи рекородот на Тони Зајлер (Австрија) од 1956 и Жан-Клод Кили (Франциј) од 1968 година.
Следната машка дисциплина во алпско скијање е велеслалом во сабота, 14 февруари.
Foto/ EPA
Спорт
Тотенхем го отпушти Томас Франк
Челниците на фудбалскиот клуб Тотенхем му врачија отказ на менаџерот Томас Франк. Откакзот доаѓа како последица на лошите резултати во Премиер лигата, синиќа неговиот тим загуби дома од Њукасл (1:2), со што ја продолжи серијата на осум натпревари без триумф.
По серија лоши резултати, фудбалерите на Тотенхем се 16-ти на табелата во Премиер лигата, пет бода од зоната за испаѓање.
Данецот беше донесен во Лондон со големи очекувања, бидејќи Тотенхем му плати 7.000.000 евра отштета на Брентфорд.
Од 38 натпревари, во кои го водеше тимот, тој победи само на 13, со 11 нерешени резултати и 14 порази. Френк помина само осум месеци во Тотенхем.
Foto/ depositphotos
Спорт
Лука Дончиќ стана ко-сопственик на тим од НБА Европа
Лука Дончиќ стана дел од инвестициската група на Дони Нелсон, поранешниот генерален менаџер на Далас, која има за цел да го донесе Рим во НБА Европа, објавуви „Атлетик“.
Нелсон има договор за купување на Кремона, со цел да започне многу поголем проект, а тоа е влез во лига под покровителство на ФИБА и НБА.
Се пишуваше дека и Дирк Новицки е во тој тим, но неговиот портпарол ги дематира тие информации.
Сепак, во тимот на соработници треба да биде поранешниот литвански кошаркар, Римантас Каукенас. .
Кремона има лиценца за Серија А, а секој тим што би се натпреварувал во НБА Европа мора истовремено да игра и во првото ниво на домашното првенство.
Со таа лиценца, Дончиќ и партнерите потоа би основале практично нова франшиза во Рим.
Се очекува купувањето на лиценцата за НБА Европа да биде скапо – од 500 милиони до 1 милијарда долари, а Рим е голем и неискористен пазар, па веројатно е дека Нелсон и Дончиќ имаат финансиски моќни партнери.
Моментално, во Рим не постои тим што се натпреварува во највисокиот ранг на италијанска кошарка.
Foto/ depositphotos

