Црна хроника
98 санкции за брзо возење на автопатот Куманово-Скопје-Велес

Oд 08 до 16 часот мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 98 возачи.
37 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а четворица со дури над 70 километри на час над дозволеното. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен демирхисарец – запалил гранки, па огнот зафатил куќа и плевна

Шеесет и деветгодишник од Слошетица, демирхисарско е приведен поради предизвикување на општа опасност, објави МВР.
„Во Демир Хисар е пријавено дека настанал пожар на куќа во селото Слоештица, а по преземени мерки е констатирано дека Н.М. запалил гранки помеѓу куќа и плевна, сопственост на А.П.(45) од Скопје, при што била зафатена плевната која целосно изгорела“, се вели во информацијата.
Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Демир Хисар, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на ОВР Демир Хисар и по документирање на настанот против лицето ќе следува соодветна пријава.
Топ
Во претреси во повеќе градови најдени оружје и муниција, има приведени

Полицијата изврши претреси во битолско, прилепско, крушевско и во Македонски Брод, пришто пронајдени се оружје и муниција, а приведени четири лица.
На 23.05.2025, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп во с.Обршани, прилепско, го лишија од слобода Д.М.(41) од с.Обршани. при претрс во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се ловечка пушка и патрони различен калибар.
На 23.05.2025 во с.Цапари, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.Н.(44) од с.Цапари, затоа што при преглед во неговиот дом пронајдени се пет пушки, четири пиштоли, како и 39 парчиња муниција од различен калибар.
На 23.05.2025 во с.Пресил, крушевско, полициски службеници од ОВР Прилеп и ОВР Крушево го лишија од слобода И.Р.. Врз основа на наредба од основен суд Прилеп извршен е претрес во неговиот дом и пронајдени се две рамки за пиштол и муниција различен калибар.
На 23.05.2025 во с.Горно Ботушје, општина Македонски Брод, полициските службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода З.М.(58) од Македонски Брод . При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Кичево, пронајдени се 15 патрони за ловечка пушка и делови за оружје.
По документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Кривични за две лица поради кражба на цркви во Свети Николе

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.К.(37) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и едно кривично дело лажно претставување по член 391 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека ги сторил кражбите во периодот од 11.05.2025 до 15.05.2025 во цркви на подрачјето на Свети Николе, а при една лажно се претатсвувал на свештено лице како полициски инспектор.
По преземени мерки и активности, на 16.05.2025 во 12.30 часот во Свети Николе, тој е лишен од слобода, по што е спроведен во Полициската станица Пробиштип каде бил задржан во врска со судска наредба за приведување и спровод во Казнено – поправната установа Затвор Струмица.
Исто така, во истиот период, ОВР Свети Николе расчисти и кривично дело „тешка кражба“од црква во Свети Николе, сторена од М.Ј. од Свети Николе. Таа е пронајдена и против неа, исто така, е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Свети Николе по член 236 од Кривичниот законик.