Свет
Јапонија ќе ги хоспитализира само најтешко заболените пациенти
Јапонија ќе се фокусира на хоспитализирање само на најтешко заразените пациенти и оние што се изложени на ризик да станат такви со цел да се избегне оптоварување на болничкиот систем бидејќи се зголемува бројот на случаи во градот домаќин на Олимписките игри.
Земјата бележи нагло зголемување на бројот на случаи на инфекција, при што дневниот број се искачи на повеќе од 10.000. Токио имаше рекордни 4.058 случаи во саботата надминувајќи 4.000 првпат.
„Ќе обезбедиме кревети за сериозно болни пациенти и за оние што се во ризик да станат такви“, рече премиерот Јошихиде Суга синоќа по состанокот на владината работна група. Тој додаде дека од другите пациенти ќе биде побарано да останат дома, а владата ќе обезбеди тие да бидат хоспитализирани доколку нивната состојба се влоши. Претходната политика беше насочена кон хоспитализација на поширока категорија пациенти со висок ризик.
Јапонија ја продолжи вонредната состојба на три префектури во близина на Токио и западната префектура Осака. Овие мерки и вонредната состојба поттикната од влошената состојба во Токио, четврта од почетокот на пандемијата, ќе трае до 31 август.
Јапонија заостанува во вакцинацијата во споредба со другите развиени земји, особено кај помладите жители. Нешто помалку од 30 проценти од населението прими две дози вакцина. Последните податоци од Токио покажаа дека речиси 70 проценти од болничките кревети за тешко заразени пациенти биле пополнети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жителите на Бејрут на улица, во пресерт на најавата за прекин на огнот
Во пресрет на најавата за прекин на огнот, жителите на либанската престолнина Бејрут вечерва излегоа на улиците, јавува Anadolu.
Имено, според написите, израелската армија издаде нови предупредувања за напад на Бејрут, во екот на најавите за евентуално неизбежно прогласување на прекин на огнот по предлогот поддржан од Соединетите Американски Држави.
Во изјавата на социјалните мрежи, портпаролот на израелската војска Авичај Адраи рече дека цел ќе бидат и ограноците на финансиската институција на Хезболах, која има ограноци во многу региони на Бејрут.
По оваа изјава, многу жители на Бејрут ги напуштија своите домови поради загриженост дека Израел ќе изврши воздушни напади низ главниот град.
Луѓето во Бејрут излегоа на улиците и се упатија кон областите за кои сметаат дека се побезбедни. Сообраќајот во многу делови од градот е отежнат поради метеж, а многу луѓе пеш ги напуштаат областите за кои се смета дека се можни цели на напади, пренесува медиумот
Свет
Израел се согласи на примирје со Хезболах: Нетанјаху го објави условот за завршување на војната
Израелската влада вечерва на владина седница официјално ќе гласа за примирје со исламистичката група Хезболах со која војува повеќе од една година. Ова во вечерашното обраќање до јавноста го потврди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пишуваат медиумите во регионот.
Тој рече дека ова не е крај на војната, додавајќи дека нема крај на војната додека сите Израелци кои побегнаа поради ракетните истрели на Хезболах во изминатата година не се вратат во своите домови на северот на земјата. Тој исто така рече дека Израел сега ќе се фокусира на заканата од Иран.
Нетанјаху го започна својот говор обраќајќи им се на жителите бегалци од северен Израел, велејќи дека е горд на нивната истрајност и издржливост. Тој вели дека благодарение на храброста на израелските одбранбени сили се постигнати големи успеси. Тој тврди дека акцијата на ИДФ ја одразува моќта на Израел на Блискиот Исток.
„Во Либан, Хезболах повеќе не е истиот“, рече Нетанјаху, додавајќи дека израелската армија убила високи команданти и Насрала, поранешниот лидер на Хезболах.
„Израел, исто така, ја уништи инфраструктурата на Хезболах и нападна клучни цели“, додаде тој. Тој вели дека ги гледа сите седум фронтови и поголемата слика и дека е решен да му донесе победа на Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Тој додаде дека времетраењето на прекинот на огнот „зависи од тоа што се случува во Либан“.
Според „Ал Џезира“, Нетанјаху рекол дека Израел има разбирање со САД, што му дозволува на Израел целосна слобода за воени операции доколку Хезболах се обиде да нападне.
„Ако Хезболах се обиде да не нападне, ако се вооружи и ја обнови инфраструктурата во близина на границата – ние ќе нападнеме. Ако лансираат ракети, ако копаат големи тунели – ќе нападнеме“, рече тој.
Нетанјаху рече дека ќе претстави детален нацрт на договорот за прекин на огнот со Хезболах до целосниот кабинет за одобрување.
Тој посочи дека договорот ќе му овозможи на Израел да се фокусира на иранската закана, додавајќи: „го менуваме пејзажот на регионот“.
Договорот вклучува ставање крај на вооруженото присуство на Хезболах долж границата јужно од реката Литани и бара повлекување на израелските трупи од јужен Либан.
Либанските власти соопштија дека либанската армија ќе мора да се распореди во регионот, познат како упориште на Хезболах – во рок од 60 дена.
Си-Ен-Ен објави дека израелски функционер рекол дека безбедносниот кабинет веќе гласал за договорот за прекин на огнот.
Регион
Тринаесетгодишно девојче паднало од шести кат од зграда во Мостар
Тринаесетгодишно девојче е во тешка состојба откако паднало од балкон на станбена зграда во Мостар.
Таа е хоспитализирана во Универзитетската клиничка болница Мостар, пренесува Klix.ba потврда од оваа здравствена установа.
Според првичните информации како што пишува медиумот тоа се наоѓа на Одделот за анестезија, реанимација и интензивно лекување.
Според неофицијални информации, девојката паднала од шести кат.
Засега не се познати околностите за нејзиниот пад, според написите.