Спорт
Ерменски борач обвинува: Мора да си Русин за да те пуштат да победиш

Муса Евлоев го освои 13. златен медал за Русија на Олимпијадата во Токио, откако во финалето во борење грчко-римски стил во категоријата до 97 килограми го победи Ерменецот Артур Алексанјан, кој по мечот ги обвини судиите за „местенка“.
Двократниот светски шампион 28-годишниот Евлоев и шампионот од Рио пред пет години, 29-годишниот Алексанјан беа фаворити за златниот медал, пред Евлоев, кој доаѓа од Ингушетија, да победи со 5:1.
Ерменецот, кој го победи Евлоев за злато на СП во 2017, а загуби од него на СП во 2019 година, беше бесен по поразот.
„Сите имаат очи гледаат што се случува. Прегледајте ги снимките и работите ќе станат јасни. Мора да бидеш од Русија за да освоиш злато“, изјави Алексанјан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бат: Ериксен порано беше класа, сега не може да се движи

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Ники Бат изјави дека пристапот, но и дефицитот во квалитетот на играчите на „црвените ѓаволи“ бил алармантен на натпреварот против Њукасл.
Како домаќин, Њукасл убедливо го победи Манчестер Јунајтед (4:1) во 32. коло од англискиот шампионат.
Во интервју за официјалната телевизија на Премиер лигата, Бат посочи еден од најголемите проблеми со кои се соочува тренерот на клубот од „Олд Трафорд“, Рубен Аморим.
„За мене излегувањето на терен значи дека треба да направиш нешто за да влијаеш на играта. Не очекував Манчестер јунајтед да го победи Њукасл. „Страчките“ се подобар тим. Имаат подобар квалитет, атлетски супериорни играчи. Не знам како Јунајтед си дозволува да направи нешто вакво. Јас бев дел од генерацијата која таму загуби со 5:0“, рече Бат и продолжи.
„Но, да се дозволи вакво нешто е сосема поинаква работа. Не видов ниту еден старт или агресивност во играта. Дуел играта е голем проблем, мора барем да покажете дека не прифаќате пораз без борба. Играчите на Јунајтед само паднаа и му дозволија на противникот да ги победи.Да играш без сила и брзина е тажно. Кристијан Ериксен некогаш беше врвен фудбалер, а сега не може да се движи. За ова не може виновен да биде тренерот“.
Бат играше за „црвените ѓаволи“ од 1992 до 2004 година. За тоа време одигра 270 натпревари и постигна 21 гол, а потоа му се приклучи на Њукасл.
Манчестер јунајтед е на 14. место на табелата во Премиер лигата со 38 бодови, додека Њукасл е на четвртот место со 18 повеќе.
Спорт
Матеус: Баерн ќе го елиминира Интер

Лотар Матеус верува дека Баерн Минхен и покрај поразот од Интер (1:2) на првиот натпревар сепак ќе продолжи понатаму.
„Цврсто верувам дека Баерн оди понатаму! Вистина е дека „Сан Сиро“ има посебна моќ, но кога се работи за Баерн, играњето на противничкиот стадион, пред противнички навивачи, секогаш носи посебна мотивација“, изјави Матеус.
Тој смета дека Интер не може двапати да се „провлече“.
„Дури и минатата недела во Минхен можеше да се види дека Баерн е подобар тим. Единствениот проблем е, како и против Дортмунд, што не успеваат да ги искористат шансите. Ако успеат, Баерн ќе успее да ја анулира негативата од еден гол. На првиот натпревар решија ситници. Хари Кејн ја погоди стативата, не му оди најдобро во последно време, но не верувам дека е во криза. Знае тој што треба да направи за да постигне гол“.
На крајот, Матеус изјави дека резултатот од натпреварот на стадионот „Џузепе Меаца“ ќе биде 3:1 за Баерн.
Спорт
Емери: Рашфорд и Воткинс нема да го формираат напаѓачкиот тандем против ПСЖ

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, изјави дека неговите играчи Маркус Рашфорд и Оли Воткинс нема да играат заедно во нападот на претстојниот реванш од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
„Следниот чекор, ако имам време, ќе биде тој да играат заедно, но двајцата да бидат во врвот на нападот. Тоа е следниот чекор. Сакам да го пробам тоа. Сакам да тестирам, но не сега, кога ќе имам доволно време“, изјави Емери на прес конференцијата.
Астон Вила во вторник од 21 часот ќе ги пречека „светците“ во реванш четвртфиналето на Лигата на шампионите во Бирмингем.
Англискиот клуб загуби со 1:3 во првиот натпревар на гостински терен во Париз.
Рашфорд и се приклучи на Астон Вила на позајмица од Манчестер Јунајтед на 2-ри февруари, досега постигна три гола на 14 натпревари, додека Воткинс е најдобар стрелец на клубот од Бирмингем оваа сезона со вкупно 15 гола.
Емери рече дека има план за реваншот против ПСЖ и додаде дека е клучно секој од неговите играчи да знае и да ја разбере својата задача на теренот.