Македонија
Државниот инспекторат за животна средина детектирал 363 законски повреди

Во периодот јануари – јуни 2021 година реализирани се 1.132 инспекциски надзора наместо планираните 866 или остварено е 30 % повеќе од планираното. Во 2021 година се реализирани 185 надзори повеќе од 2020, односно забележан е раст од 20 %, соопшти денеска Државниот инспекторат за животна средина.
Притоа, како што велат од таму, биле утврдени 363 неправилности/законски повреди за кои се издадени решенија за нивно отстранување.
„За споредба, во истиот период во 2020 година се утврдени само 120 неправилности или во 2021 година е забележано зголемување од 203 %. Поведени се 43 прекршочни постапки, од кои 36 санкции се глоба – платен налог, а исто така поведени се 2 (две) кривични постапки. Во шестмесечниот извештај за 2020 година не се воопшто презентирани преземените казнени мерки и затоа не направивме споредба“, посочи директорката Ана Петровска.
Таа додаде дека во 2021 година, во споредба со 2020 година, бил зголемен и бројот на вонредни (220 наспроти 126, или 75 %) и контролни надзори (171 наспроти 71, или 138 %), и покрај тоа што во овој период, како што напомена, тројца од вкупно 19 инспектори не вршеле надзори (еден инспектор е на неплатено отсуство, од април еден инспектор е суспендиран поради сомнеж за поткуп и еден инспектор од 6 месеци, 5 бил на боледување). Во првото полугодие во 2021 година реализирани се 741 наспроти 749 редовни надзори од истиот период во 2020 година, што е намалување од 8 надзори, или 1 %. Ова се должи на намалениот број активни инспектори на терен.
„Ефикасноста на Државниот инспекторат за животна средина е видливо зголемена во изминатиот период. Одлучни сме да им застанеме на патот на оние што се обидуваат да ја загадат природата. И покрај предизвиците со кој се соочува Инспекторатот – продолжуваме со зголемени напори за поголема казнивост на загадувачите“, потенцира Петровска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Реализирано првото гаѓање со новата артилериска опрема ,,Боран’’ на АП Криволак

Денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски присуствуваше на армискиот полигон „Криволак“ каде беше извршено првото артилериското гаѓање со новите системи „Боран“, кои се дел од процесот на модернизацијата и опремување на македонската Армија, а беше презентирана и новата набавка на воено-теренска униформа за армиските припадници.
На активноста на која што присуствуваа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал мајор Сашко Лафчиски, амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој и останати високи претставници од Армијата и министерството, министерот Мисајловски истакна дека денешното прво гаѓање и ставање во употреба на овие артилериски орудија значи и зајакнување на борбената готовност на Армијата.
Министерот Мисајловски во рамки на денешната активност дополнително информираше: „набавени се околу 4.000 комплети за воено-теренска униформа, од заедничкиот билатерален договор што го имаме потпишано со Турција, кој преку 2,5 милиони долари директно ќе бидат дадени за Министерството за одбрана, односно директно за Армијата“. Тој уште еднаш упати благодарност за поддршката на сојузничката поддршка од Турција и нагласи дека во тек се и други набавки кои се дел од Договорот за воено-финансиска соработка со Турција.
Хаубиците „Боран 105 мм“ се дел од декларираната батерија на Артилерискиот баталјон која е составен дел од Лесната пешадиска баталјонска група. Набавката на ова средство со кое се исполнува НАТО целта за опрема и муниција за индиректна огнена поддршка, претставува важен чекор во реализацијата на исполнувањето на обврските од пакетот на НАТО цели на способности утврдени во 2021 година и потврдени со новиот пакет за 2025 година.
Македонија
Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола против осум физички и едно правно лице

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК Битола.
Со предистражните дејствија кои по наредба на јавниот обвинител ги преземаше Управата за финансиска полиција во изминатите неколку месеци, се обезбедија докази кои даваат основано сомнение дека петмина осомничени – службени лица во РЕК Битола, односно тогашниот директор на комбинатот и четворица раководители и директори во ПЕ Рудници во РЕК Битола, во текот на 2023 година како соизвршители сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување според член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Сите тие не ја извршиле својата службена положба и овластување со намера на друг да му прибават корист, а да го оштетат комбинатот, односно спротивно на основниот рударски проект и на потребите на рудникот „Живојно“ организирале и реализирале јавна набавка за дислокација на погонски станици од рудникот „Осломеј“ во ПЕ Рудници – РЕК Битола. Притоа, свесно ги повредиле основните начела за економичност, ефикасност и ефективност од Законот за јавни набавки, иако знаеле дека за транспортот на јаглен во рудникот Живојно до местото за дробење и до ПК Брод-Гнеотино, не е предвидена метода со континуирана технологија (роторни багери и транспортни ленти), туку метода на дисконтинуирана технологија (булдожери, багери и камиони).
При дефинирањето на условите за јавната набавка тие ги повредиле начелата на сразмерност и конкурентност и овозможиле на една фирма, односно на осомниченото правно лице, да се јави како единствен понудувач и да склучи договор за јавната набавка, односно да се стекне со противправна имотна корист од големи размери.
Тројца од горенаведените раководители и директори во ПЕ Рудници и уште едно службено лице во РЕК Битола се осомничени и за продолжено кривично дело – Измама во службата, бидејќи при реализацијата на договорот, иако знаеле и биле свесни дека правното лице воопшто не ги извршило договорните обврски, потпишувале записници и извештаи за извршена работа, со кои потврдиле дека во периодот од 26.02.2024 до 17.07.2024 година комплетно е извршена демонтажа, транспорт и монтажа на погонските станици од РЕК Осломеј во РЕК Битола.
Правното лице, сопственикот/управител и уште едно лице вработено во компанијата се осомничени дека иако биле свесни дека работите не се извршени, доставувале фактури врз основа на кои од РЕК Битола незаконито наплатиле 106.200.000 денари со вклучен ДДВ, со што сториле продолжено кривично дело – Злоупотреба на постапката за јавен повик и јавно-приватно партнерство според член 275в од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола денеска ќе достави предлог за определување мерка притвор за 2 лица, односно за сопственикот на фирмата и за еден раководител од ПЕ Рудници при РЕК Битола. За две раководни службени лица од ПЕ Рудници и за вработениот во компанијата ќе бидат предложени мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и повремено јавување во Судот. Поранешниот директор на РЕК Битола веќе се наоѓа во притвор по друга постапка, а уште едно службено лице од РЕК Битола во друга постапка е веќе обезбедено со мерки на претпазливост кои ги почитува до овој момент.
Македонија
3.000 денари за секое новородено дете во општина Бутел, најави Костовски

Актуелниот градоначалник на општина Бутел и кандидат на претстојните локални избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски најави 3.000 денари за секое новородено дете во Општината.
„Со задоволство најавувам дека за прв пат нашата општина ќе обезбеди надоместок за новороденче во висина од 3.000 денари.
Оваа поддршка е дел од нашата заложба за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел.
Ние не застануваме – инвестираме во инфраструктурата која ќе ја подобри иднината на секое дете.
Изградивме две градинки во Бутел 1 и Бутел 2, а во наредниот период ќе изградиме уште три нови градинки во Радишани, Визбегово и Бутел 1.
Нашата визија е јасна, создаваме услови за развој и иднина за секое семејство!“, вели Костовски.