Топ
Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот на возилото, кој бил пренесен во болница поради укажување лекарска помош, починал од срцев удар.
Според полицијата, настанот се случил вчера, 3.8.2021, во 21 часот, кога на магистралниот пат Граничен премин Блаце – Скопје, Н. Б. (55) од Приштина, управувајќи товарно возило „ман“ со полуприколка, со косовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Н. Б. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември” за укажување лекарска помош, но починал од срцев удар.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

„Како претседател на Владата, секогаш еден од моите врвни приоритети била безбедноста на државата, за чување на мирот, стабилноста на државата, бидејќи тоа се основните услови за да можеме да развиваме општество коешто ќе напредува и општество коешто ќе нуди иднина за сите граѓани, нераскинлива алка се разбира од овие амбиции е и македонската Армија“, кажа премиерот Христијан Мицкоски.
„Денеска присуствуваме на овој настан којшто е продолжение би рекол на настанот што се случи пред една година за којшто зборуваше почитуваната амбасадорка на САД и јас сум навистина горд што ете полека но сигурно се доекипираме, се комплетираме и ја јакнеме македонската Армија.
Тука нема да застанеме, ќе продолжиме и понатаму. Во насока на дефинирање на приоритетите, нешто за коешто претходно зборувавме со началникот на Генералштабот, со министерот, со амбасадорката и со останатите колеги во годините коишто следат за да можеме да го планираме буџетот, да инвестираме и во развој на државата и во развој на Армијата.
Но исто така кога зборуваме за вложување во Армијата зборуваме и за модернизација и конструкција на двата многу важни коридори, а тоа се Коридорот 10 и Коридорот 8 коишто во суштина не само сега туку и во иднина ќе претставуваат одлична логистика за Јужното крило на НАТО каде што и ние како Македонија припаѓаме и тоа е еден од нашите главни амбиции и планови во годините коишто следат, модернизација на Армијата, снабдување на она коешто е потребно и дефинирање на приоритети и реализирање на тие приоритети од аспект на опрема. Но исто така и модернизација и конструкција на овие 2 важни логистички коридори за НАТО, посебно за Јужното крило на НАТО.
На крај би сакал да се заблагодарам на сите оние коишто се дел од македонската Армија, на војниците, на старешините, на генералите, на началник на Генералштабот, да се заблагодарам на министерот со којшто работиме секојдневно, разговараме што можеме нешто плус да направиме за македонската Армија се разбира, да се заблагодарам на амбасадорката на САД којашто секогаш дава поддршка, секогаш е тука кога треба да разговараме во делот на модернизација на македонските вооружени сили и убеден сум дека како стратешки партнери, можеби ние сме во случајот многу помал партнер споредено со САД, но сме значаен партнер бидејќи партнерствата се градат, партнерствата се одржуваат, партнерствата се негуваат и во таа насока ќе продолжиме во годините коишто следат“, изјави Мицкоски.
Свет
(Видео) Лавров пристигна на Алјаска облечен во џемпер со натпис „СССР“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе му претстави јасна и разбирлива позиција на американскиот претседател Доналд Трамп на неговиот самит со рускиот претседател, Владимир Путин.
Тој кусо разговараше со новинарите во четвртокот по пристигнувањето во хотел во Анкориџ, облечен во џемпер со натпис „CCCP“.
Lavrov has arrived for the meeting in a shirt that says СССР (USSR). https://t.co/D5yrC2MFhD pic.twitter.com/h5HYuvTrob
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 15, 2025
Лавров истакна дека многу е постигнато за време на неодамнешната посета на американскиот специјален претставник Стив Виткоф на Москва и дека Кремљ се надева оти ќе го продолжи корисниот разговор на самитот в петок.
„Никогаш не правиме планови однапред. Знаеме дека имаме аргументи, јасна и разбирлива позиција. Ќе го презентираме тоа“, рече Лавров.
„Многу е веќе постигнато за време на посетата на американскиот специјален претставник Виткоф… Се надевам дека утре ќе го продолжиме овој корисен разговор“.
Свет
(Видео) Путин оди на средбата со Трамп, снимен неговиот конвој

Рускиот претседател Владимир Путин е снимен како патува во оклопна лимузина, со огромен конвој што поминува низ затворени патишта, пред неговиот долгоочекуван самит со Доналд Трамп на Алјаска.
#Putin on the way to #Alaska now , #Russian Presidential convoy moving through the streets of #Magadan in Eastern #Russia . pic.twitter.com/ikoUWlxeA1
— Ninjamonkey 🇮🇳 (@Aryan_warlord) August 15, 2025
Снимката покажува долга редица црни возила што се движат со голема брзина по патот, опкружени со полициски автомобили и по нив следува нешто што изгледа како амбулантно возило.