Македонија
Попладнево силен ветер и услови за невреме

Во пладневните часови, како што инофмираат од УХМР, на повеќе места во државата дува засилен ветер, а во 12 часот најсилен е ветерот во Битола, кој повремено достигнува брзина до 40 километри на час.
Засилен ветер исто така дува во Штип, Ѓуриште и во Тополчани.
Попладне ќе продолжи да дува умерен до силен ветер претежно од југозападен правец, повремено и со брзина од над 70 километри на час.
Од крајот на денешниот ден, преку ноќта и утре претежно претпладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и на места со поројни врнежи и засилен ветер од променлив правец. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, со пообилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења и појава на град. Утре и в сабота температурите ќе опаднат за 4 до 5 степени.
Засилен, претежно северен ветер, ќе има и во текот на утрешниот ден, особено по должината на Повардарието.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под дрвја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Кисела Вода, Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од булевар Борис Трајковски – крак 20 во Усје. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Божидар Рајковиќ, дел од корисниците од улиците Горноврановска и Горно Лисиче (општина Аеродром ) како и дел од корисниците лоцирани околу улицата Брсјачка Буна бр. 163. (општина Шуто Оризари)
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги информира граѓаните дека, денеска:
· Поради изведување на водоводен приклучок ф 100 мм на улицата Призренска 22 бр.46Е, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Призренска 22 од 10:00 часот до завршување. (Општина Бутел)
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер (над 60 километри на час). Кон крајот на денот облачност ќе се намали.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачност ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во четврток времето ќе биде посвежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 километри на час). Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со посвежи утра, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.