Македонија
325 нови случаи на Ковид-19, почина пациент од Битола

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.959 тестирања, а регистрирани се 325 нови случаи на Ковид-19 од кои најмногу, 101 се во Скопје, Тетово – 95, Гостивар – 43, Куманово – 26, Струга – 10, Охрид, Дебар и Кичево по 7, Прилеп, Кочани и Македонски Брод по 4, Струмица, Радовиш и Пехчево по 3, Кавадарци и Штип по 2 и по еден во Битола, Велес, Берово и Виница.
Во изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Битола (55 години), починатo во болнички услови.
Регистрирани сe 11 оздравени пациенти од Скопје – 6, Куманово – 2 и по еден од Тетово, Гостивар и Валандово.
Направените 5.959 тестови се преку: ИЈЗ-124, ЦЈЗ Скопје-55, ЦЈЗ Битола-100, ЦЈЗ Прилеп-50, ЦЈЗ Тетово–67, ЦЈЗ Куманово–68, Судска медицина-3, УК Пулмологија со алергологија 5, ГОБ 8 Септември-10, Институт за микробиологија–22, Жан Митрев (Филип Втори)-115, Авицена-502, Биотек-329, Систина-72, лабораторија Лаор-763, Синлаб-66, Ремедика-10, Плодност–44, Генеа–1, Никоб лаб-993, ВФВ Медикал-57, Ели Медика-23, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.480.
Досега во земјата се направени вкупно 1.005.162 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 157.251, бројката на оздравени пациенти е 150.481, на починати е 5.502, а бројот на активни случаи изнесува 1.268.
Според епидемиолошките анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 69145, Активни 370
Куманово 9017, Активни 114
Прилеп 8350, Активни 20
Тетово 7724, Активни 379
Битола 6349, Активни 38
Велес 5482, Активни 6
Гостивар 5323, Активни 126
Кавадарци 5164, Активни 8
Охрид 5039, Активни 18
Штип 4974, Активни 10
Струмица 4160, Активни 30
Струга 3005, Активни 22
Кочани 2811, Активни 15
Кичево 2638, Активни 30
Гевгелија 2197, Активни 1
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1528, Активни 3
Ресен 1235, Активни 1
Крива Паланка 1227, Активни 0
Радовиш 1170, Активни 8
Берово 1042, Активни 10
Делчево 974, Активни 0
Дебар 980, Активни 36
Виница 891, Активни 5
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 674, Активни 5
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 364, Активни 5
Пехчево 276, Активни 7
Македонска Каменица 250, Активни 1
Дојран 132, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче тргнал по стапките на Заев, на Македонија не ѝ требаат нови предавства

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ жестоко реагираше на денешното интервју на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во кое тој зборуваше со гордост за поранешниот премиер Зоран Заев.
Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче покажал „безрезервна лојалност“ кон Заев, кого го нарече пример од кого треба да се учи.
Од партијата обвинуваат дека Филипче го велича човекот кој, според нив, извршил најголемо предавство на националните интереси.
„За какво искуство и учење зборува Филипче? Единственото наследство на Заев е предавството и распродавањето на националните интереси“, стои во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека со вакви ставови, Филипче покажува дека е „верна сенка и продолжена рака на Заев“, и оти тргнал по истиот пат, барајќи попустливост во односите со Бугарија.
Реакцијата уследи по изјавите на Филипче во кои тој повика на продолжување на преговорите со Бугарија, додека истовремено, поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, призна дека во минатото преговарал со Бугарија за етнички прашања со дозвола на СДСМ.
„Дали за Филипче храброст значи прифаќање на сите барања што водат кон распродажба и нарушување на националниот идентитет?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата потенцираат дека вистинска храброст и државничко однесување е заштита на етничките, културните, историските и јазичните интереси на Македонија, а не попуштање под странски притисоци.
Македонија
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја носи државата во економска и општествена бездна! СДСМ ќе се бори за враќање на довербата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител Телевизија порача дека судот за тоа дали тој ќе успее да ја направи СДСМ повторно победничка партија ќе го дадат граѓаните. Тој нагласи дека неговата задача е да ја консолидира партијата и да продолжи по започнатиот пат на обнова.
„Сè уште има многу простор за работа, а ние сме решени да продолжиме, не само во пресрет на локалните избори, туку и во следните години“, истакна Филипче.
Тој потенцира дека СДСМ никогаш не се борела за власт по секоја цена, туку за доверба што ќе им овозможи да работат во интерес на граѓаните.
Филипче упати сериозни критики кон актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи на неконтролираниот раст на цените, стагнацијата на платите, намалениот животен стандард и доцнењата во исплатата на плати и ДДВ за компаниите.
„Живееме во време на тешка економска и општествена криза. Владата е неспособна да ги реши проблемите што граѓаните секојдневно ги чувствуваат. Платите не се зголемуваат, а во многу институции дури и не се исплаќаат навреме“, рече Филипче.
Дополнително, тој ја обвини власта за груба партизација на институциите, каде, како што тврди, неподобните кадри се казнуваат со прераспоредување на работни места далеку од своите домови.
„Ако не сте член на ВМРО-ДПМНЕ или партија од владејачката коалиција, бидете сигурни дека ќе ве преместат да работите 100 километри подалеку“, предупреди лидерот на СДСМ.
Според него, владата ја прикрива тешката состојба преку силна пропаганда, но реалноста на граѓаните е сурова.
„Од плата до плата се живее максимум до 10–15-ти во месецот, потоа почнува вистинската борба за опстанок“, подвлече Филипче.
Тој порача дека токму поради оваа состојба, СДСМ има уште поголема обврска да работи, да ја зацврсти својата структура и да ја врати довербата на граѓаните.
Како што истакна Филипче во интервјуто, општините под раководство на СДСМ се запоседнати од инспекции.
„Ние имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции се во општините во пресрет на локалните избори. Од Управата за јавни приходи, организиран криминал, различни други институции коишто се под Министерството за внатрешни работи”, потенцира Филипче.
Како што додаде тој, тоа се случува исклучиво во општините кои се раководени од луѓе од СДСМ, а не и во другите општини каде што има градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
УХМР предупредува на пороен дожд, грмежи и можна појава на град

Попладневниот развој на нестабилна облачност донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните планински предели, Охридско-Преспанскиот регион и Пелагонија. Локално имаше и услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
До крајот на денот, нестабилното време ќе продолжи со променлива облачност, пороен дожд и грмежи на повеќе места низ државата, а ќе дува и засилен ветер.
Според прогнозите на УХМР, и утре времето ќе биде слично – променливо облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи. На одредени места се очекуваат и поинтензивни процеси во форма на невреме, со обилен дожд, силен ветер и можност за изолирана појава на град. Минималните утрински температури ќе се движат меѓу 4 и 10 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 15 до 23 степени.
Во Скопје, попладнето ќе донесе нестабилност со локални поројни врнежи и грмежи, проследени со засилен ветер и услови за појава на град. Температурите во главниот град ќе се движат од 9 до 23 степени.
Од УХМР најавуваат дека променливото и посвежо време ќе продолжи и во следните денови, со повремен локален дожд. Сепак, од вторник се очекува стабилизирање на временските услови, претежно сончево време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.