Европа
Саркози задржан на сослушување во полиција поради корупција

Поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози, во вторникот бил повикан во полициска станица под обвинение за корупција, потврдил неименуван извор близок на истрагата, пренесуваат странските медиуми.
„Саркози е повикан во Нантер и задржан поради сослушување“, навел неименуваниот извор за Reuteurs.
Саркози во вторникот рано утрото стигнал во полициска станица на испрашување кое истражните органи го спроведуваат поради сомневање за корупција, поврзано со неговата канцеларија во Нантер, западно од Париз, откако претходно неговиот адвокат бил задржан во притвор исто така на испрашување.
Антикорупциските истражни органи може да го држат Саркози во полициска станица на испрашување 24 часа, со можност за продолжување од уште еден ден, додава АФП.
Адвокатот на Саркози и двајца судии од понеделникот се во притвор, поради истражување, во рамки на една од неколкуте истраги, за корупција против поранешниот француски претседател поради што и тој би можел да се најде зад решетки.
Адвокатот Тиери Ерзог и судиите Жибер Азибер и Петрик Сас биле сослушани во рамки на истрагата „трговање со влијание“ и „кршење на тајноста на истрагата“, што според законот на Франција подразбира максимална казна од 10 години затвор.
Истражните органи настојуваат да утврдат дели Саркози, со помош на адвокатот се обидел од судијата Азибера да извлече доверливи информации поврзани за процесот против поранешниот шеф на државата во „аферата Бетанкур“ и на тој начин да влијае на овој судски процес.
Станува збор за процес поврзан со наводни нелегално собрани пари за предизборната кампања на Саркози во 2007 година од најбогатата Французинка, сопственичка на компанијата „Лореал“, Лилијан Бетанкур.
Истражните органи, исто така, се сомневаат дека Саркози знаел оти неговиот мобилен телефон бил прислушкуван од страна на судиите кои работеле на овој случај кој е поврзан со незаконско финансирање на кампањата од 2007 година, со средства од поранешниот либиски лидер, Моамер Гадафи.
Саркози во 2007 одина наводно победил на претседателските избори со помош од 50 милиони евра кои биле испратени од страна на Гадафи, како и со помош на „паричната поддршка“ на Лилијан Бетанкур.
Саркози до сега ги отфрли сите тврдења дека Гадафи ја потпомогнал неговата кампања и ги окарактеризирал како „смешни“, а истрагата во врска со овој случај се уште е во тек, додека минатата година бил ослободен од обвинението дека примил пари од Бетанкур во моментот кога таа не била свесна за своите постапки./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски пристигнува на погребот на папата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе присуствува на погребот на папата Франциско, пренесе АФП повикувајќи се на извор од украинскиот претседателски кабинет.
Според истиот извор, канцеларијата на Зеленски ја подготвува неговата посета на Рим за Зеленски лично да се прости од поглаварот на Католичката црква.
Како што претходно беше најавено, погребот на папата Франциско ќе се изврши в сабота, 26 април, во 10 часот по локално време. Досега Трамп и Макрон потврдија дека ќе бидат на погребот, но се очекува да присуствуваат многубројни светски лидери и стотици илјади верници.
Европа
Украина: Русите го зголемуваат военото присуство во Мариупол

Руските сили продолжуваат да го зголемуваат своето воено присуство во привремено окупираниот град Мариупол. Како што соопшти денеска на „Телеграм“ градскиот совет на Мариупол, во градот веќе се формирани две воени бази.
„Руските окупатори го прошируваат своето воено присуство во Мариупол“, се вели во соопштението.
Според Центарот за проучување на окупацијата, во текот на март и април 2025 година се појавиле две нови воени бази: една во областа Калмиус на северозапад од градот и логистичка база во областа Ливобережњи, во станбената зона Шхидни. Втората база, како што се наведува, главно се користи за сместување персонал и воена опрема.
„На овој начин руските окупатори постепено го зголемуваат своето присуство во Мариупол. Центарот за проучување на окупацијата нагласува дека ова е план за трансформирање на градот во главна и полноправна логистичка и воена база не само за стоки туку и за опрема и персонал, со широка мрежа на паркинзи, бази за поправка и точки на трајно и привремено распоредување персонал. Ова е олеснето и со развојот на железничките и пристанишните врски што ги спроведуваат окупаторските власти“, се вели во соопштението на градскиот совет на Мариупол.
Европа
Знамиња со кукасти крстови се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер, полицијата почна истрага

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопат во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.
Портпаролот на полицијата во Стокхолм, Матс Ериксон, изјави дека започнале истрага за злосторство од омраза.
Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.
„Конкретно активистите споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.
Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.