Контакт

Книги

Промоција на нова книга и изложба на фотографии од Владимир Мартиновски

Објавено пред

Промоција на новата книга Narro ergo sum / Раскажувам значи постојам на Владимир Мартиновски, како и изложба на негови фотографии насловена „Во движење“, ќе се одржат во среда, во „Концепт 37“ со почеток во 20 часот.

dobivaj vesti na viber

Промотор на книгата ќе биде Владимир Јанковски, на изложбата, Влатко Галевски. „Мартиновски во манир на искусен компаратист во книгата Narro ergo sum / Раскажувам значи постојам докажува дека не само што современата литература мора да се храни од дијалогот со книжевната историја туку и современата теорија на литературата е невозможна ако во својата основа не е отворена, хибридна, комбинаторичка. Се чини дека се ова и главните квалитети во есеите на Мартиновски – тој успева да ги препрочита големите книжевни канони за кои сите по малку веруваме дека знаеме речиси сѐ, додавајќи нешто свое: мала промена на аголот на читање, нова перспектива во однос со некоја современа тенденција, поврзување со некое подоцнежно поетичко начело, на тој начин уште еднаш потврдувајќи ја идејата на Хорхе Луис Борхес дека не само што претходниците влијаат врз оние писатели што доаѓаат по нив туку и современите писатели влијаат на начинот на кој ќе бидат читани нивните претходници. Мартиновски во еден лежерен „борхeсовски манир“, со секогаш присутни, но не премногу наметливи референции, во оваа книга, всушност, ја раскажува приказната за она што Гете го нарекуваше „светска книжевност“ – концепт според кој една литература може да биде жива и актуелна само преку спојот и во креативниот дијалог со другата литература, како дел од големиот културен мозаик“, се вели во рецензијата на книгата објавена со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.„Во движење“ е првата самостојна изложба на панорамски фотографии од Владимир Мартиновски, направени во повеќе градови во светот. Владимир Мартиновски (1974) e поет, раскажувач, есеист, теоретичар, преведувач, фотограф. Работи како вонреден професор по предметот компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Автор е на повеќе поетски збирки, книги со есеи и книжевно-теориски студии, а приредил и неколку антологии, како и неколку зборници научни трудови од областа на книжевноста. Член е на Извршниот одбор на Меѓународната асоцијација за семиотика, Извршниот одбор на Европската мрежа за компаратистички проучувања, Друштвото за компаративна книжевност на Македонија, Меѓународната асоцијација за компаративна книжевност, Друштвото на писателите на Македонија и на Македонскиот ПЕН центар. Добитник е на прва награда на Конкурсот за краток расказ на „Нова Македонија“ за 2009 година (за расказот Бубамара на зрно калинка), на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2010 година (за книгата Квартети) и на наградата „Димитар Митрев“ за книжевна критика и есеистика во 2013 година (за книгата Зоон поетикон)./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет1 час

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија1 час

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа4 часа

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет4 часа

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа4 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...

Регион4 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет5 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија5 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет16 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија19 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија23 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија24 часа

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија1 ден

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија1 ден

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија1 ден

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија1 ден

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија1 ден

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет1 ден

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...