Црна хроника
Полицијата нема докази дека Шукри бил „менторот“ за убиствата кај Смилковци
Министерството за внатрешни работи нема докази дека Алија Шукри бил идеологот и „мозокот“ на петкратното убиство кај Смилковското езеро што се случи во април годинава.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска еден ден по екстрадицијата на Алија Шукри од Косово изјави дека нема да коментира никакви информации кои се пласирани во јавноста за неговата поврзаност со „Монструм“.
„За секое лице за кое ќе обезбедиме докази дека сторило кривично дело, без размислување ќе поднесеме кривична пријава. МВР не ги коментира медиумските прилози односно слободата на уредувачката политика на медиумите, МВР поднесува кривични пријави врз основа на докази за сторено кривично дело. Ние ниту од поднесувањето на кривичната пријава до денес немаме нешто ново што би сметале дека треба да додадеме или да смениме“ изјави Јанкулоска.
Во средата попладне Шукри, кој беше баран со меѓународна потерница, беше екстрадиран од Косово во Македонија, а полициските власти, повикувајќи се на оперативни сознанија, го претставија како еден од најголемите приврзаници и идеолози на радикалниот ислам во Македонија и во поширокиот регион.
МВР не исклучува дека Шукри имал некое влијание врз сторителите на грозоморното убиство кај Смилковци.
„Досега лицето не фигурира во кривичната пријава, којашто беше поднесена од страна на МВР против осомничените сторители и помагачи во врска со грозоморното убиство на Смилковското езеро Но сепак, ќе се проверува неговата евентуална инволвираност и неговата евентуална улога, бидејќи не е исклучено дека имал некакво влијание врз сторителите, имајќи го предвид фактот дека според оперативните сознанија фигурира како еден од главните идеолози и ментори на следбениците на радикалниот ислам во Република Македонија“, изјави во среда Иво Котевски, портпарол на македонското Министерство за внатрешни работи.
Името на Алија Шукри се споменуваше и во 2005 година, како еден од учесниците во внатрешните пресметки во исламската верска заедница, како дел од групата која ги претепа имамите во џамијата во Кондово, обидувајќи се да внесат радикални елементи во исламската религија.
За ова дело минатата година е осуден на тригодишна затворска казна која од вчера ја издржува во истражниот затвор.
Тој се смета за десна рака на Рамадан Шити, кој беше убиен во полициската акција „Планинска бура“ во Бродец во 2007 година.
Според пишувањата на медиумите, Шукри го криел Шити по убиството на таксист во септември 2004 во скопско Визбегово.
Таксистот бил убиен бидејќи одбил да ги превезе Имер Риза и Рамадан Шити во Чаир. Риза пукал кон таксистот, а по убиството и двајцата беа уапсени. Во неговиот дом полицијата пронашла подрум преполн со исламска литература.
Без никаква причина на 12 април беа убиени и четирите млади момчиња и еден повозрасен маж кај Смилковското езеро.
Обвинителството ги товари за тероризам Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, кои се во бегство, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири и Рами Сејди, додека шестообвинетиот Хаки Азири, кој првично беше заштитен сведок, се товари за помагање.
Директни извршители на петкратното убиство се Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и неговиот брат Агим.
Убиството, според обвинението имало за цел да предизвика несигурност кај населението и да ја нарушат безбедноста во земјава со предизвикување страв кај граѓаните. Смилковското езеро било под концесија на еден од обвинетите, Фејзи Азири, кому по убиството му е одземена концесијата./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кој да ја плати сметката-тепачка во скопска кафеана
Синоќа околу 21.45 часот во угостителски објект на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Н.(34), С.А.(46) и С.С.(54), тројцата од Скопје и Б.Ј.(34) од Крива Паланка.
Тие се сомничат дека околу 19.40 часот со уште неколку лица, во и пред угостителскиот објект, поради недоразбирање околу плаќање на сметка во објектот, физички ги нападнале В.Р.(45), Ј.Д.(44) и Б.П.(40), сите од Скопје.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанки се степале на паркинг поради недоразбирање во сообраќајот
Вчера околу 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.Д.(53) и Х.П.(51), двете од Скопје.
Според полицијата, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Охриѓанец измамен поради биткоини за сума од над 700.000 денари
На 26.11.2024 во 11.00 часот во СВР Охрид, 54– годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 730.000 денари.
Според пријавеното, лицето му се јавило на 15.11.2024 и се претставило како претставник на фирма која работи со биткоини и дека е добитник на 15.000 долари како нивен корисник, а потоа му кажало дека за да ги подигне ќе треба да инсталира апликација преку која ќе се изврши наплатата, но дека прво ќе треба да изврши уплата на одредена сума на пари.
Како што е пријавено, во два наврати тој ги уплатил парите, за што подигнал и брз кредит од финансиско друштво.
Исто така, според пријавеното, на 24.11.2024 им пишал на нивната електронска адреса со барање за информација кога ќе ги добие парите, а откако го известиле дека биле заглавени во Народна банка, пишал и на официјалната електронска адреса на банката, од каде што добил известување дека тие не се нивни уплатници и дека најверојатно се работи за измама.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.