Свет
(Видео) Човекот кој уби петмина во Англија бил опседнат со американско оружје и го поддржувал Трамп
Напаѓачот кој синоќа во англискиот град Плимут застрела и уби пет лица, меѓу кои и петгодишно дете, е Џејк Дејвидсон, млад човек 20-на години. Според очевидци, тој одел по улица и пукал во луѓе. Четворица од застреланите починале на лице место, а еден во болница. Меѓу нив е и дете на околу 5-годишна возраст.
Како што рекле некои од очевидците, двајца од убиените биле случајни минувачи, кои ги шетале своите кучиња.
YouTube channel of Plymouth sh00ter Jake Davisonhttps://t.co/FZ63QfBurs pic.twitter.com/2NOlGBgwSa
— ???? (@JURYR00M) August 13, 2021
Полицијата објави дека напаѓачот бил пронајден мртов на лице место и дека имал прострелна рана, но неговиот идентитетот сè уште не е официјално потврден.
According to locals and @Telegraph, the individual responsible for the Plymouth mass shooting was Jake Davison.
Managed to track down his YouTube channel which consists of some workout videos along with rants about women, sex and mental disability. pic.twitter.com/WEdR9wINT5
— Mully (@mdxoon) August 13, 2021
Иако живеел во Плимут, на неговата фејсбук-страница било наведено дека потекнува од американскиот град Феникс. Тој го поддржувал поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, на социјалните мрежи и споделил бројни статуси за истражување на вселената. Наводно, тој работел за компанија која објави откази за илјада свои работници во април.
Многу луѓе кои го коментираат неговиот профил на социјалните мрежи, а кои тврдат дека го познаваат, пишуваат дека биле загрижени за неговото ментално здравје, а се споменува и неодамнешната борба против тумор во неговото семејство.
In Plymouth, UK, Jake Davison, a white man, shot dead 6 ppl. Guns are banned in the UK, but that didnt stop the will of a murderous white man. White UK ppl like to pretend mass shootings are only a US issue. This proves that no law can stop white ppl who are dead set on murder. pic.twitter.com/8w1gwaLNar
— Bold Justice (@bold_justice) August 13, 2021
Медиумите пишуваат дека Дејвисон е десничар кој е опседнат со американската култура на оружје. Неговиот Фејсбук е полн со американска пропаганда, како слика на орел пред знаме и слика на статуа на која е прикажан колонијален земјоделец.
Дејвисон има и страница на Јутјуб каде зборува за неговиот неуспешен љубовен живот.
„Многу сум пропуштил како тинејџер, се надевам дека ќе можам да надоместам… Не се залагам за ова, но ако треба, можеби дури и ќе се обидам да консумирам дрога и да надоместам, можеби се*с на кокаин или нешто друго. Можеби тоа ќе го надомести пропуштеното тинејџерско искуство”, вели тој во едно видео на Јутјуб.
Пред само две недели, Дејвисон зборувал за тоа колку е тешко да се „има волја“ кога „животот никогаш не те наградил“. Во другите видеа, тој се жали и зборува дека има опрема за убивање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Големиот пожар во Нови Пазаре локализиран
Локализиран е пожарот што избувна ноќеска околу два часот по полноќ во Нови Пазар и зафати неколку магацини на текстилна компанија и деловни простории, соопшти попладнево МВР на Србија.
Како што наведува МВР на Србија во соопштение, во пожарот нема повредени, а истрагата е во тек.
Во гаснењето на пожарот учествувале 59 пожарникари-спасувачи со 19 противпожарни возила од Нови Пазар, Тутин, Сјеница, Ивањица, Крагуевац, Чачак, Рашка и Краљево, членови на Доброволното противпожарно друштво на Нови Пазар и Јавното комунално претпријатие во овој град, додека полицајците од Нови Пазар го обезбедувале местото на пожарот.
Командантот на противпожарно-спасувачката единица на Нови Пазар изјави дека станува збор за најголемиот пожар што некогаш го погодил Нови Пазар, а дека материјалната штета е огромна.
На граѓаните во Нови Пазар им се препорачува да бидат внимателни, да го избегнуваат подрачјето зафатено од пожарот и да ги следат официјалните информации. Надлежните служби остануваат на терен додека пожарот не биде целосно изгаснат и ситуацијата не биде прогласена за безбедна.
Свет
Завршија преговорите меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби
Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми.
Руската работна група, предводена од началникот на Генералниот директорат на Генералштабот на вооружените сили, адмирал Игор Костјуков, се врати во хотелот, додаваат руските медиуми.
Претходно, агенцијата ТАСС, повикувајќи се на информиран извор, објави дека преговарачките тимови во Абу Даби проучуваат и разгледуваат неколку документи за мирот во Украина, додавајќи дека „се разгледуваат и територии и гаранции и други аспекти“.
Официјални лица потврдија дека ова беше првиот состанок од почетокот на војната, пред речиси четири години, на кој присуствуваат сите три земји.
Разговорите меѓу украинската, руската и американската делегација во Абу Даби за постигнување мирно решение за Украина, кои започнаа вчера, продолжија утрово, исто така зад затворени врати.
Американскиот пратеник Стив Виткоф, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, како и секретарот на армијата во Министерството за одбрана на САД, генерал Даниел Дрискол, исто така учествуваа на трилатералните разговори во Абу Даби, а по средбата тие веднаш отпатуваа за Израел, каде ќе разговараат за иднината на Газа.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера потврди дека контроверзното прашање за територијата на Донбас било дискутирано на состанокот во Абу Даби.
Територијалните прашања остануваат точка на спор, бидејќи Русија бара Украина да ги предаде 20-те проценти од територијата на Доњецк што сè уште ја држи, додека Зеленски одби да се откаже од таа територија.
Свет
Се трага по четворица исчезнати мигранти кај грчкиот остров Икарија
Во близина на островот Икарија пристигнале околу 50 мигранти, но четворица од нив исчезнале. Поради ова била активирана спасувачка акција од страна на крајбрежната служба на Грција која е во тек од рано утрово за пронаоѓање на лицата.
Во потрагата се вклучени еден патролен брод, брод за пловење на отворено море, хеликоптер и приватен брод.

