Контакт

Надворешна политика

Груевски – Давутоглу: Македонија нема поголем поддржувач од Турција во евроатланските интеграции

Објавено пред

Македонија нема поголем поддржувач од Турција во поглед на евроатланските интеграции, а ваквата поддршка ќе продолжи и во иднина, со цел земјата да го добие своето заслужено членство во НАТО, порача турскиот премиер Ахмет Давутоглу во вторникот по средбата со својот македонски колега Никола Груевски во Скопје.

dobivaj vesti na viber

 

Груевски потенцираше дека Македонија го цени фактот што Турција е принципиелен поддржувач на македонските интереси и дека покрај одличната политичка соработка, има огромен напредок и во економската соработка меѓу двете страни.

 

„Македонија го цени фактот што Турција безрезервно ја поддржува нашата земја во евроатланските аспирации, кои се нашата стратешка и примарна цел. Го почитуваме фактот што Турција дава принципиелна и вредносна поддршка на нашите државни и национални интереси. Најголем напредок е направен не само во политичката, туку и во економската соработка. Турција во последните години е меѓу десетте земји со кои Македонија има најголем обем на трговската размена, а се согласивме дека постојат многу можности за проширување на соработката. Би сакал позитивно да ги оценам досегашните инвестиции на турските компании во нашата земја и да охрабрам оние компании кои сакаат да го шират својот бизнис надвор од Турција, дека Македонија е одлична дестинација за инвестирање и правење бизнис“, порача Груевски.

 

„Не само што сакаме Македонија што поскоро да ја видиме во НАТО, туку никој не ја поддржува Македонија толку силно како Турција, поради што за стабилноста и мирот на Балканот сите балкански земји треба да бидат под закрилата на НАТО. Таа поддршка за членството во НАТО ќе продолжи и понатаму, и се надеваме дека Македонија што поскоро ќе го заземе своето заслужено место“, изјави, пак, турскиот премиер Давотоглу.

 

Инаку во моментов трговската размена меѓу Македонија и Турција изнесува повеќе од 400 милиони долари, а тенденциите се таа наскоро да достигне околу една милијарда долари. Двете страни сметаат дека земјоделството е исто така еден од секторите каде што можат да имаат одлична соработка, а во престојниот период ќе продолжи заемната комуникација на повеќе нивоа, како би се утврдиле рамки за повисоко ниво на соработка.

 

„Целиме кон тоа да се зголемат инвестициските активности и најмногу да се зголеми трговската размена. Истата лани изнесуваше 470 милиони, во првите 10 месеци од годинава 375 милиони, а до крајот на годинава ќе биде 450 милиони. Ние очекуваме тој број наскоро да достигне и една милијарда“, истакна Давутоглу.

 

Давотоглу и Груевски исто така порачаа дека постојат и можности Турција да влезе во топ петте економски партнери на Македонија и дека тие ќе се заложат за поголема соработка на бизнис заедниците на двете земји./крај/мф/бс

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија17 минути

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за...

Македонија2 часа

Родителите од Демир Хисар револтирани: Законот ги принудува учениците на сместување во домови за да добијат превоз

Родители од Демир Хисар изразија незадоволство од измените на законот за средно образование и изразија загриженост за превозот на децата...

Македонија6 часа

(Видео) „Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалира со ДУИ“, вели Стојаноски

„Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДС е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со...

Македонија6 часа

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година, и тоа по сите предмети, велат од МОН

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во...

Топ6 часа

МВР со детали за пожарот кај „Зебра“: четири возила зафатени од огнот

Денеска, во 2.05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територијата на Центар, било опожарено патничко моторно...

Македонија8 часа

(Видео) Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци се зголемени за 4.300 денари, а минималната платата за 1.800 денари

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé...

Македонија9 часа

„Кандидатурата на Мециновиќ за Скопје е договор на партијата Левица да им помогне на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце...

Топ11 часа

Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во...

Македонија11 часа

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот...

Свет12 часа

Макрон до Нетанјаху: Обвинувањата за антисемитизам се навреда за Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кое остро реагираше на неговите обвинувања дека Париз...

Македонија12 часа

Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра. Според последните информации огнот се проширил и зафатил...

Свет13 часа

Премиерот на Канада: Путин се плаши да се сретне со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за условите за...

Свет13 часа

Зеленски: Од украинска страна сè ќе биде што е можно поподготвено за да се стави крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека во текот на оваа недела претставниците на таа земја ќе имаат повеќе меѓународни контакти,...

Свет13 часа

Трамп: Нема да има светска војна, но ќе има економска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да воведе економски санкции врз Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин...

Македонија23 часа

Министерството за одбрана реагира на соопштението на СДСМ: Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината

„Лицемерно, со манипулација на факти и со целосно извртување на вистината – така се карактеризира соопштението од политичката партија СДСМ...

Свет1 ден

Откриено е што САД ѝ нудат на Русија: „Сакаа да објават ударна вест веднаш по Алјаска“

Американски и руски владини претставници разговараа за неколку енергетски договори на маргините на мировните преговори за Украина што се одржаа...

Свет1 ден

(Видео) Боинг со 250 патници принудно слета во Русија, имаше дефект на моторот

Авион на „Ер Чајна“ што леташе од лондонски Хитроу до Пекинг утрово изврши непланирано слетување во Русија по дефект на...

Македонија1 ден

Влада: Се конкретизираат работите за изградба на третата фаза од пругата од Крива Паланка до границата со Бугарија како и изградба на тунелот како гранична точка

„По средбата на високо ниво меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и вицепремиерот и министер за транспорт на...

Македонија1 ден

„Не било доволно папаја, манго, аспарагус и други егзотични овошја, Министерството за одбрана набавува кафе и алкохол за 31.000 евра“, велат од СДСМ

„Додека стандардот на граѓаните постојано опаѓа и семејствата едвај врзуваат крај со крај, владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжува...

Македонија1 ден

„Народот денес е побогат од времето на СДС, единствена разлика е што нема милиони за Филипче и Заев од државниот буџет“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер како министер за здравство, но сега откако беше...