Економија
„ Јунајтед груп“ постигна договор да го купи грчкиот телекомуникациски оператор „Винд Хелас“
„Јунајтед груп“, водечкиот снабдувач на телекомуникациски услуги и медиуми во Југоисточна Европа, објави денеска дека постигнал договор со „Кристал Амонд холдингс лимитид“ за купување на грчкиот телекомуникациски оператор „Винд Хелас“ (Wind Hellas), еден од трите главни мобилни провајдери во земјата.
Винд има вкупно 4,2 милиони корисници, вклучувајќи и 1,1 милиони корисници на мобилен интернет, а нуди и фиксни, интернет и телевизиски услуги. „Винд Хелас“ генерира приходи од над 500 милиони евра годишно.
Трансакцијата ќе и овозможи на „Јунајтед груп“ да го комбинира „Винд’ со постојниот грчки оператор за платена телевизија „Нова“ за да создаде силен конвергиран оператор кој ќе биде играч број два во фиксниот широкопојасен интернет и кај телевизиските услуги.
Делувајќи на атрактивен пазар, со значителен потенцијал за раст, комбинацијата Винд-Нова ќе може подобро да се натпреварува со сегашните лидери на пазарот преку споени понуди, нови технологии и супериорна услуга, зголемувајќи ја вредноста за грчките потрошувачи.
Никос Статопулос, партнер во BC Partners и претседател на „Јунајтед груп“, изјави: „Стекнувањето и интегрирањето на силни локални телекомуникациски и медиумски бизниси во нашата платформа е основен дел од европската стратегија за раст на ‘Јунајтед груп’. Грција е клучен пазар за нас и со стекнувањето на ‘Винд’, ние сме во состојба да создадеме водечки конвергиран оператор и да придонесеме за развојот на грчкиот телекомуникациски сектор преку инвестиции во мрежната инфраструктура, содржината, технологијата и иновативните производи и услуги и да бидеме водечка сила во дигитализацијата на земјата “.
Извршниот директор на „Јунајтед груп“, Викторија Боклаг, рече: „Овој договор ја потврдува долгорочната посветеност на Јунајтед групацијата на грчкиот пазар. Винд, со својот силен бизнис со мобилни телефони, има неверојатна усогласеност со медиумите и експертизата за фиксна телефонија на ‘Нова’ и ‘Јунајтед груп’. Со ‘Винд’, купуваме успешен бизнис што ќе ни овозможи да го зајакнеме нашето присуство и понуда на клиентите низ Грција “.
Трансакцијата е предмет на вообичаени регулаторни одобрувања и се очекува да биде завршена во 2022 година.
За „Јунајтед груп’
„Јунајтед груп“, со седиште во Холандија, е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. Активна во осум земји, компанијата има приближно 11 милиони корисници и речиси 14.500 вработени и генерира приближно 2,0 милијарди евра годишен приход. Јунајтед групацијата има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на корисниците најатрактивен избор на ТВ-содржини од целиот свет. Значајните инвестиции во дигитална инфраструктура, содржина и технологија обезбедуваат извонредност на производите и услугите што ги обезбедува на клиентите. „Јунајтед груп“ е во мнозинска сопственост од BC Partners, една од најголемите глобални инвестициски компании, од март 2019 година. Инаку, во рамките на „Јунајтед груп“, водечкиот телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, во С. Македонија работи компанијата Тотал ТВ.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)