Македонија
Милошоски: Ако Заев сака да глуми хуманитарец нека смести 200 бегалци во хотел ,,Вила Парк” во Струмица

Заев не е способен во Македонија да им помогне ни на семејствата кои имаат лица со посебни потреби, не пак тоа да го прави за граѓани од трети земји, каде немаме ниту амбасада која би дала барем основни безбедносни податоци за бегалците, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
„Македонија е меѓу посиромашните држави во Европа и во оваа ескалација со Авганистан добро е владата да укаже дека солидарноста треба да се демонстрира од страна најбогатите членки на Обединетите нации, кои имаат и добар систем за образование и интеграција на бегалци.
Ако Заев сепак сака да глуми хуманитарец, нека не го прави тоа на сметка на народниот буџет, туку нека даде личен пример и нека смести 200 бегалци од Авганистан во хотелот „Вила Парк” во Струмица, каде ќе им помогне финансиски преку веќе познатиот модел 1 евро за Вицето“, додава Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода денеска корисниците од улицата Црвена Скопска Општина

Од ЈП Водовод и Канализација добиено е известување дека денеска, поради дефект во шахта (промена на шибер во шахта ф 50 мм) на улицата Кеј Димитар Влахов бр.4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Црвена Скопска Општина (сите објекти кои се наоѓаат на истоимената улица).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работата.
Македонија
На Богородица се чека околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, наместа нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.
Времето во наредните денови
Од среда до петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневните температури. Во деновите од викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.