Спорт
Дарко Чурлинов оди на позајмица во Шалке 04
Македонскиот фудбалски репрезентативец, Дарко Чурлинов оди на позајмива во Шалке 04, пренесуваат медиумите во Германија.
Од неговиот матичен клуб Штутгарт сметаат дека најдобро за 21-годишниот фудбалер ќе е да оди во клуб каде сезонава ќе има доволно минутажа.
Се очекува Македонецот денеска да ги помине лекарските прегледи во Гелзенкирхен и да биде 15-тото засилување за тимот кој направи целосна реконструкција и планира експресно од Цвајта да се врати во Бундеслигата.
Шалке 04 ќе биде петтиот германски клуб во кариерата на Чурлинов. Освен Штутгарт тој претходно ги бранеше боите на Келн, Магдебург и Ханза Рошток.
Darko Churlinov steht vor einem Wechsel vom VfB Stuttgart zu Schalke 04! ?
Der 21-jährige Flügelspieler wird für ein Jahr zu den Königsblauen ausgeliehen.
Heute wird er den Medizincheck absolvieren und dann seinen Vertrag bei #S04 unterschreiben ✍?✅#TransferUpdate
— Max Bielefeld (@Sky_MaxB) August 18, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

