Црна хроника
Загина познат охридски бизнисмен
Познат охридски бизнисмен загина рано утрово во тешка сообраќајна несреќа која се случила на пресекот помеѓу улицата „Јане Сандански“ и бул. “Туристичка“, пренесе Ohrid news
Познатиот охридски бизнисмен Љупчо Здравески (49) рано утрово околу 3 часот, го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи на пресекот помеѓу улицата „Јане Сандански“ и бул. “Туристичка“.Според СВР Охрид, сообракајната незгода се случила во моментот кога сега починатиот кој управувал мопед марка „Априлиа-Хавана“ бил удрен од патничко моторно возило марка „Голф“ управувано од М.К. (21) од струшкото село Велешта. Веднаш по незгодата, возачот на патничкото моторно возило, напуштајќи го местото, се обидел да избега, но набрзо бил пронајден и приведен во СВР Охрид. Кај него по извршено алкотестирање, констатирани се 1,17 промили алкохол во крвта.На лице место е извршен увид во присуство на истражен судија и заменик-јавен oбвинител. Врз патничкото моторно возило и мопедот, денес ќе биде извршено стручно вештачење, соопшти СВР Охрид.Бизнисменот Љупчо Здравески беше сопственик на познатиот синџир пицерии „Американо“ и член на охридскиот Лајонс клуб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

