Македонија
Заев доби плакета од воените ветерани и инвалиди од 2001 година
Претседателот на Владата, Зоран Заев, се сретна со претставници од Здружението на воени ветерани и воени инвалиди од 2001 година – „ФЕНИКС“, предводени од претседателот на здружението, Лазо Наумов.
На состанокот е изразена голема благодарност до премиерот Зоран Заев и му е дадена плакета за отвореноста за соработка и покажаното разбирање за решавање на прашањата што ги засегаат воените ветерани и воените инвалиди од 2001 година.
На средбата е разговарано за повеќе актуелни прашања, посочени како важни од страна на претставниците на здружението „ФЕНИКС“.
Во таа насока, договорено е разгледување на досегашната примена на Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на паднатите борци и заложба за доследна примена на Законот од страна на сите надлежни институции на системот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

