Спорт
Синсинати опен: Пер во прво четвртфинале на мастерс турнир по пауза од 8 години

Францускиот тенисер Беноа Пер се пласираше во четвртфиналето на Мастерс турнирот во Синсинати, што е прво четвртфинале за него на вакво натпреварување уште од 2013 година.
Французинот во три сета со 2-1 (по сетови 7-6 6-7 6-1) беше подобар од Американецот Џон Иснер, а во борбата за полуфинале ќе се судри со рускиот тенисер Андреј Рубљов, кој во два сета (7-6 и 7-6) го совлада Французинот Гаел Монфис.
Четвртфинале на машкиот турнир во Синсинати обезбеди и Данил Медведев со победата од 2-0 (6-3 6-3) против Бугаринот Григор Димитров.
Шпанецот Карењо Буста го прескокна Полјакот Хуркач (2-0), а Зверев на падот до четвртфиналето немаше никакви проблеми против Аргентинецот Пела, 6-2 и 6-3.
Место меѓу осумте најдобри обезбедија и Руд по победата од 2-0 (6-4 6-3) над Диего Шварцман, и Оже Алијасим, кој со истиот резултат беше подобар од Матео Беретини од Италија.
Очекувано, место во четвртфиналето има и за Стефанос Циципас, кој рано утрово во три сета со 2-1 го совлада Сонего.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Марк Маркез со рекорд до пол-позицијата во Аргентина

Возачот на Дукати, Марк Маркез, ја освои пол-позицијата пред ГН на Аргентина, втората трка од овогодинешниот шампионат во Мото ГП.
Осумкратниот светски првак уште од почетокот на акцијата ги поместуваше границите на патеката „Термас де Рио Ондо“, а на пат до втората пол-позиција сезонава, постави нов рекорд, 1:36.917 минути.
Исто како и пред две недели во Тајланд, најблиску до него беше неговиот помлад брат, Алекс, возач на Гресини Дукати, кој заостануваше 246 илјадитинки. На браќата Маркез во првиот стартен ред им се приклучи сензационалниот Жоан Зарко на ЛЦР Хонда.
Вториот стартен ред го заврши Фабио ди Џанантонио од тимот БР46, следен од Фабио Квартаро на Јамаха и тимскиот колега Франко Морбидели. Меѓу првите десет се најдоа Марко Бецеки од Априлија и фабричкиот возач на Хонда Жоан Мир.
Спринт трката во Аргентина е закажана за 19 часот, додека Големата награда е закажана за во недела во истиот термин.
Спорт
Тадиќ потпишал за Ајакс

Душан Тадиќ потпиша договор со Ајакс и ќе се врати во Холандија, пренесуваат турските медиуми. Поранешниот српски репрезентативец по две години се враќа во Амстердам, тврдат овие извори.
По елиминацијата на Фенербахче од Лига Европа и промашениот пенал на Тадиќ, навивачите го критикуваа исто како и целиот тим. Српскиот играч за врска по се изгледа одлучи дека најдобар потег е враќањето во Ајакс.
Тадиќ имаше понуда од Фенербахче да го продолжи договорот и се чинеше дека ќе ја прифати понудата. Но откако по промашениот пенал од лутите навивачи доби пораки дека е „најдобро да не се враќа во Истанбул“, по се изгледа дека решил да ја прифати понудата од поранешниот клуб.
Доколку тврдењата на турските медиуми се точни, Тадиќ по две години ќе се врати на арената Јохан Кројф, каде што играше од 2018 до 2023 година.
Спорт
Реал го нуди Чуамени за Енцо Фернандез

Енцо Фернандез пристигна во Челзи на крајот на претходната година за 121 милион евра од Бенфика. Англиските медиуми пишуваат дека тој би можел да го напушти клубот во летниот преоден рок, во размена на фудбалери меѓу Челзи и Реал Мадрид.
Шпекулациите говорат дека Реал го нуди Орелиен Чуамени и пари за аргентинскиот репрезентативец, кој со националниот тим стана светски и јужноамерикански шампион.
Наводно, Реал Мадрид веќе извесно време е заинтересиран за 24-годишниот играч за врска на Челси. Фернандез има договор со Челси до јуни 2032 година.
Фернандез има пет гола и девет асистенции во 34 одиграни натпревари оваа сезона. Според информациите на англиските медиуми, Фернандез не би имал ништо против да се пресели во Мадрид.
Чуамени, кој Карло Анчелоти го користи на дефанзивниот среден ред и позициите во одбраната, е под договор со Реал до летото 2028 година.