Македонија
563 полицајци ангажирани во последното деноноќие за пожарите

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 7:00 часот на 19.8.2021 до 7:00 часот денеска (20.8.2021) во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 563 полициски службеници, реализирани 224 мотопатроли и користени 164 моторни возила. На терен се и припадниците на сите специјални единици на полицијата.
МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: 23 години лаги, доста е!

„ДУИ и нејзините сојузници ја претворија политиката во игра на логоа и бои. Понекогаш се прогласуваат за Европски фронт, понекогаш за Национален фронт, денес под името НАИ, секој ден нов идентитет, само за да ја сокријат внатрешната криза и 22-годишните неуспеси“, велат од „Влен“.
„Ова е јасен показател за партија која не знае која е и каде оди. Еден ден зелена боја, следниот ден сина, но во секој случај, граѓаните ги гледаат истите луѓе, со истите неуспеси и истата корупција.
Во меѓувреме, “Фронтот“ еден по еден, го напуштаат, турската партија, која беше сериозна сила со околу 20 илјади поддржувачи, си замина; Мендух Тачи си замина, и ова е само почеток. Силите што во минатото жестоко се судрија едни со други, денес се обидуваат да се сокријат под заедничко лого, но граѓаните добро знаат дека ова е само фасада. Од друга страна, ВЛЕН никогаш не била поуникатна, никогаш пообединета. Го докажуваме ова секој ден, во секоја одлука и пред сè со нашите заеднички кандидатури, кои се надежта на граѓаните за промена.
Вредноста не се мери со променети логоа и бои, туку со конкретни дела за граѓаните. Во овој поглед, ВЛЕН е единствената вистинска алтернатива за промени и развој. 22 години на власт, а сега мислат дека со промена на боите и името можат да ја избришат историјата на измами. Но, Албанците не забораваат: корупцијата, пазарењето и разочарувањата не се покриени со никакво ново лого. Октомври ќе има само еден победник, а тоа е ВЛЕН!“, се додава во соопштението на „Влен“.
Македонија
Без вода денеска корисниците од улицата Црвена Скопска Општина

Од ЈП Водовод и Канализација добиено е известување дека денеска, поради дефект во шахта (промена на шибер во шахта ф 50 мм) на улицата Кеј Димитар Влахов бр.4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Црвена Скопска Општина (сите објекти кои се наоѓаат на истоимената улица).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работата.
Македонија
На Богородица се чека околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.