Македонија
Османи на вонреден состанок на Северно-Атлантскиот Совет на НАТО за состојбата во Авганистан

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на вонредниот состанок на Северно-Атлантскиот Совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи. Состанокот се одржа преку видео-конференција и беше посветен на состојбите во Авганистан, соопштија од МНР.
Во дискусијата биле разменети мислења и консултации во врска со улогата и идните активности на НАТО по последните случувања во Авганистан. Од страна на министрите, како приоритетна била истакната потребата од натамошна забрзана евакуација на граѓаните на земјите-членки и партнери, како и авганистанските граѓани кои беа ангжирани од страна на НАТО и други меѓународни организации во изминатите 20 години и сакаат да ја напуштат земјата, со што би се елиминирале потенцијалните закани од ескалација на хуманитарната криза. Во таа насока, министерот информирал и за одлуката на Владата за времено прифаќање на цивили од Авганистан, кои биле дел од хуманитарни мисии и соработувале со НАТО сојузниците.
„Во дискусиите беа искажани очекувања дека Талибанците ќе се придржуваат кон преземените обврски и нема да дозволат поддршка на меѓународниот тероризам, додека во земјата ќе обезбедат подеднакви човечки права за сите граѓани. Во спротивно ќе се соочат со санкции и меѓународна изолација“, пишува во соопштението.
Министерот Османи се заложил фокусот на Алијансата и понатаму да биде ставен врз хуманитарниот аспект и како примарна ја издвоил потребата за продолжување на операцијата за евакуација.
„Во тесна координација со сојузниците, успеавме да ги евакуираме нашите државјани од Авганистан, за што сакам да ви се заблагодарам за помошта. Сеуште мислиме дека ова треба да биде нашата примарна мисија, да обезбедиме сигурно заминување на сите наши граѓани од Авганистан. Евакуацијата на локалниот авганистански персонал и нивните семејства кои работеа со нас во изминатите 20 години е подеднакво значајна“, истакна Османи.
Што се однесува до идните ангажмани на Алијансата, Османи, се заложил фокусот да биде ставен врз справувањето со заканите од поттикнување на меѓународниот тероризам од Авганистан, како и обезбедување подеднакви права за авганистанските граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Зелен хуман град“ почнува со собирање потписи за основање партија

Граѓанската иницијатива Зелен хуман град почнува процес на собирање 1.000 потписи за да основа партија.
„Драги луѓе, Зелен хуман град ја формира првата партија во Македонија која во срцето на својата политичка агенда ги позиционира социјалната правда, заштитата на животните и животната средина. ЗХГ е воедно и првата партија во историјата на Македонија што ја основаат долгогодишни волонтери, а не спонзори. Ја основаат луѓе што со години во континуитет ги вложуваат своето знаење, време, енергија, како и финансии, за да создадат здраво и функционално општество за сите – и за луѓето и за животните. Иако сме принудени да ја основаме партијата само за да имаме право да се кандидираме на избори – нашето делување останува идентично како и до сега – хоризонтално, со директна демократија и активизам, отворено за секој што ги дели нашите вредности“, велат од иницијативата.
Од таму велат дека втора изборна година по ред ја отвараат вратата на секој што смета дека има доволно знаење и ентузијазам да се придружи на нивната листа за Совет на Град Скопје.
Во изминатите 4 години, велат од таму, како дел од Советот на Град Скопје со само 2 од 45 советника успеавме да постигнеме неколку преседани.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 74 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 28.07. до 02.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 74 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
Бизнисменот Душко Чифлиганец загина во несреќа со мотор

Младиот бизнисмен Душко Чифлиганец загина на 32-годишна возраст во несреќа со мотор во Брно, Чешка.
Тој е син на познатиот стопанственик и универзитетски професор Ванчо Чифлиганец и беше заменик-претседател на „Адора бизнис-групацијата“.
Чифлиганец беше љубител на спортскиот мотоциклизам.