Контакт

Книги

Триесет години од основањето на „Матица македонска“ од Скопје

Објавено пред

На 24 август во 1991 година е основана издавачката куќа „Матица македонска“ од Скопје, која во континуитет ја афирмира македонската книга. Во текот на изминатите децении оваа институција, чиј основач и главен уредник е писателот Раде Силјан, реализира обемна и разновидна продукција од повеќе области и се етаблира во македонскиот културен простор како еден од водечките фактори во претставувањето на националните творечки капацитети. Колекцијата на публикувани изданија на „Матица македонска“ изнесува 2.500 наслови од сите области, печатени во над 3.800.000 примероци, дистрибуирани во Македонија и во најзначајните светски библиотеки и славистички центри.

dobivaj vesti na viber

По повод големиот јубилеј, посебно треба да се одбележат заложбите на издавачот за афирмација на книжевните вредности на македонските поети, прозаисти, драмски писатели, критичари, публицисти и научници. Од богатиот спектар на книги, посебно треба да се издвојат изданијата за македонското културно наследство, особено делата за македонските народни носии и везови, за македонскиот фолклор и народната митологија, како и монографските книги за македонските манастири и македонската резба, колор-изданијата за Охрид, Скопје, Преспа, Курбиново, Света Софија, Старата скопска чаршија и др. Во рамките на едицијата Избрани дела, преку критички толкувања објави повеќетомни изданија од творештвото на Марко Цепенков, Кирил Пенушлиски, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Божин Павловски, Луан Старова, Никола Кљусев, Милан Ѓурчинов, Блаже Ристовски, Радован Павловски, Цветан Грозданов, Георги Старделов, Витомир Митевски, Раде Силјан, Танас Вражиновски, Димитар Ќорнаков, Благоја Иванов, Петар Т. Бошковски, Јован Павловски, Паскал Гилевски, Јован Стрезовски, Блаже Миневски и др.

Континуираната активност во поглед на афирмирањето на македонската книга издавачот успешно ја остварува преку бројните промоции во своите книжарници и, особено преку Клубот Матица, во кој членуваат педесет илјади членови.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Африм Гаши хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“...

Македонија18 минути

„Компании за техника наводно нудат модерни телефони преку внатрешна програма поради оштетена амбалажа, ова е лажна објава“, МВР предупредува за измама на социјалните мрежи

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во последните денови актуелна е лажна објава на социјалните мрежи во која...

Македонија2 часа

(Фото) Пронајдени автомобилски гуми, картон, суви гранки подготвени за палење: спречен уште еден обид за подметнување шумски пожар

Вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на...

Европа4 часа

Рускиот парламент усвои закон со кој се казнуваат корисниците за пребарувања на интернет

Русија сè повеќе го ограничува слободниот пристап до интернет, а медиумскиот регулатор Роскомнадзор неодамна го блокираше пристапот до 56.000 веб-страници...

Свет4 часа

Трамп го објави трговскиот договор со Јапонија: ќе инвестира 550 милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп објави постигнување трговски договор со Јапонија, според кој, според него, Јапонија ќе инвестира 550 милијарди долари...

Европа5 часа

(Видео) Француски воен авион се урна во Украина, објавена е снимка

Украинските воздухопловни сили во вторникот објавија дека француски борбен авион Мираж-2000 се урна во регионот Волин, објави Анадолија. „Вечерта на...

Свет5 часа

Трамп се сретна со Безос во Белата куќа, разговараа повеќе од еден час

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со основачот на Амазон, Џеф Безос, во Белата куќа минатата недела, дознава Си-ен-би-си. Средбата...

Македонија5 часа

Метеж на границите: се чека до 40 минути на Табановце за влез и на Богородица за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Денеска, во временски период од 08:00 – 17:00 часот поради обезбедување...

Македонија18 часа

Работа од далечина, ослободување за ранливите категории на граѓани: власта со препораки за работодавачите поради топлотниот бран

Министерството за здравство информира дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлотниот бран со температури над 40°C...

Македонија21 час

13 обвинети признаа вина за случајот со измамите со инвалидските пензии и туѓата нега – пресудена затворска казна

Тринаесет обвинети во предметот „Синдром“ склучија спогодби со Обвинителството и врз основа на тоа Основниот кривичен суд Скопје изрече пресуди, при...

Економија23 часа

Линеарното покачување на пензиите од 1.000 денари ќе стигне во Собранието пред да се распишат изборите, вели Мицкоски

Владата, на денешната седница, ќе го разгледа предлог-законот со кој пензиите, место процентуално, наесен и следната пролет ќе се покачат...

Топ1 ден

Македонец почина на плажа во Драч

Турист од Македонија почина вчера на плажа во Драч, Албанија. Инцидентот се случил вчера околу 19 часот во близина на...

Македонија1 ден

Бронзен медал за македонскиот тим на Европската олимпијада во информатика

Македонските ученички информатичарки трета година по ред се оние што успешно ја претставуваат Македонија на меѓународните олимпијади по информатика. На...

Македонија1 ден

Стабилизирана состојбата со пожарот во Преспа, но природата претрпе голема штета

Пожарот што го зафати Езерани во Преспа е ставен под контрола, информира Македонското еколошко друштво. Според нив, ноќта била релативно...

Македонија1 ден

Шест пожари сè уште активни, 38 интервенции на отворено во изминатoто деноноќие

Во изминатите 24 часа, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал вкупно 38 пожари на отворен простор низ земјата. Од...

Европа1 ден

Утре почнуваат нови преговори меѓу Украина и Русија

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија е планирана за среда во Турција, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски цитирајќи...

Македонија1 ден

„Влен“: Бујар Османи одржал 11 состаноци во Белград, 0 во Косово

„За само четири години како министер, Бујар Османи трчаше 11 пати на средби во Белград, а ниту еднаш во Приштина....

Свет1 ден

(Видео) Расте бројот на жртви во падот на воен авион во Бангладеш: причина за несреќата механички дефект

Најмалку 27 лица загинаа откако авион за обука на воздухопловните сили на Бангладеш се урна вчера во универзитетски и училишен...

Свет1 ден

(Видео) Синот на Бајден: Апчињата за спиење се виновни за дебаклот на дебатата со Трамп

Хантер Бајден во ново интервју изјави дека татко му, поранешниот американски претседател Џо Бајден, зел апче за спиење пред неговата...

Европа1 ден

(Видео) Автобус со рудари излета во 25-метарска бездна во Русија: 13 мртви, 20 повредени

13 лица загинаа, а 20 се повредени откако автобус што превезувал рудари паднал во провалија во далечната источна руска република...