Свет
Украден украински воен авион на аеродромот во Кабул, никој не знае кој е во него

Украински авион кој пристигна во Авганистан за да ги евакуира Украинците е киднапиран од неидентификувани лица кои го пренасочиле кон Иран.
Веста ја потврди заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Евхен Јенин.
„Минатата недела нашиот авион беше киднапиран од други луѓе. Во вторникот нашиот авион беше практично украден за да лета за Иран со неидентификувана група патници на летот, наместо да превезува Украинци. Нашите следни три обиди за евакуација исто така беа неуспешни, бидејќи нашите луѓе не можеа да влезат на аеродромот“, рекол Јенин, пренесе руската агенција ТАСС.
Според него, киднаперите биле вооружени.
Заменик-министерот, сепак, не кажа ништо за тоа што се случило со авионот или дали Киев ќе се обиде да го врати или како украинските граѓани ќе бидат вратени од Кабул, во овој практично украден авион или на некој друг што ќе го испрати Киев.
Во неделата воен транспортен авион со 83 лица, меѓу кои 31 Украинец, пристигна од Авганистан во Киев. Кабинетот на претседателот објави дека 12 украински војници се вратиле дома, а странските новинари и јавни личности кои побарале помош се евакуирани.
Кабинетот, исто така, соопшти дека има уште околу 100 Украинци кои чекаат евакуација од Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Русија ја шири војната, Западот мора превентивно да делува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за проширување на војната по нарушувањето на воздушните простори на Полска и Романија.
„Русија точно знае каде летаат нејзините дронови – ова не е грешка на пониски команданти. Очигледно ja шират војната“, порача Зеленски на Телеграм, додавајќи дека тоа бара превентивно дејствување на Западот.
Тој повторно повика на заострување на санкциите и тарифите кон руската трговија и намалување на увозот на руска нафта. Зеленски го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за координирано дејствување и апелираше: „Не чекајте десетици дронови и проектили за да донесете одлуки. Престанете да барате изговори.“
Свет
(Видео) Напад со дрон предизвика пожар во втората најголема рафинерија во Русија

Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, изби пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.
Тој потврди дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени.
Рафинеријата „Кинеф“ на Сургутнефтегаз во Кириќи е една од двете најголеми во Русија. Годишно преработува околу 17,7 милиони тони сурова нафта (околу 355.000 барели дневно), што претставува 6,4% од вкупното производство во земјата.
Russian Telegram channels report a large fire at the Novo-Ufimskiy oil refinery in Russian Ufa, after a drone attack. pic.twitter.com/jKTqW5ouQO
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 13, 2025
Свет
САД и Велика Британија ќе потпишат важен технолошки договор

Обединетото Кралство и САД во наредните денови ќе потпишат значаен технолошки договор во рамките на државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон, соопшти британската амбасада во Вашингтон.
Договорот е насочен кон зајакнување на соработката во сектори како вештачка интелигенција, полупроводници, телекомуникации и квантно компјутерство, вредни трилиони долари.
Посетата на Трамп ќе трае три дена и ќе ја придружува делегација од водечки американски бизнис-лидери, меѓу кои директорите на Nvidia и OpenAI.
Според Sky News, инвестицискиот гигант BlackRock планира да вложи 700 милиони долари во британски дата-центри како дел од пакет договори што ќе бидат објавени за време на посетата.