Контакт

Топ

40-годишен маж од Прилеп извршил полов напад врз 13-годишно девојче од Градско

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен акт против 40-годишно лице од Прилеп за кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години казниво по Кривичниот законик.

dobivaj vesti na viber

Обвинетиот, на 20.10.2020 година во Градско извршил полови дејствија врз оштетеното девојче на возраст од 13 години.

Имено, детето отишло во куќата на својот чичко каде што се одржувала забава на која бил присутен и обвинетиот. Тој видел дека девојчето се упатило кон дома и незабележано тргнал по него. Кога стигнале во близина на оградата која ги раздвојувала куќите на родителите на оштетеното дете и на нејзиниот чичко, обвинетиот од зад грб со една рака ѝ ја затворил устата и почнал да ја влече. Потоа ја свртел кон себе и додека со едната рака ѝ ја држел устата затворена, со другата рака ја допирал по телото. Потоа ѝ ја ослободил устата, обидувајќи се да ја бакне, но оштетената тоа не му го дозволила и се обидела да повика помош. Туркајќи го, оштетената успеала да земе дрвен стап и го удрила обвинетиот по ногата. Тој паднал на земја и таа побегнала во својот дом.

Јавниот обвинител оцени дека сè уште постои опасност обвинетиот да се даде во бегство, па до судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.​​

Македонија

Гаши имал интестинална опструкција на тенкото црево, неговата состојба е стабилна, соопшти МЗ

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба.

dobivaj vesti na viber

Тој околу полноќ бил хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија со болки во стомакот.

„Веднаш му се направени потребните радиолошки и лабораториски испитувања, утврдена е интестинална опструкција на тенко црево.
Задржан е на болничко лекување и е под постојан лекарски надзор. Во моментот е на конзервативен, медикаментозен третман, без поставена индикација за оперативно лекување“, соопштија од ресорното министерство.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Талески: Одбиени сите амандмани на СДСМ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заложници на Тошковски

Објавено пред

Од

На денешната седница на собраниската комисија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги одбија сите амандмани поднесени од страна на СДСМ на измените на скандалозниот Закон за полиција и Закон за внатрешни работи, изјави пратеникот од СДСМ, Миле Талески.

dobivaj vesti na viber

Со ова, додаде тој, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не само што гласаа за партизација на полицијата, туку станаа соучесници врз растирањето на најважниот дел од безбедниот систем, полицијата и Министерството за внатрешни работи.

„Ударот што врз полицијата и професионалците во полиција го спрема Тошковски е удар и врз безбедноста на граѓаните и врз демократскиот поредок на земјата. Амандманите на СДСМ се однесуваа на задржување на кариерниот систем, професионалноста и институционалниот интегрирет на полициската униформа. Затоа што намерата на Тошковски е целосна демонтажа на функционалната структура на полицијата и создавање партиска милиција под негова контрола. Баравме соодветна класификација на работните места во МВР, за да српечиме хаотично и селективно вработување само по партиски клуч. Баравме задржување на регионалните гранични центри за да ја сочуваме безбедноста на границите и да не дозволиме мигранти во иднина“, рече Талески.

Тој обвини дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го следеле партискиот интерес наместо интересот на граѓаните и на државата.

„Забораваат дека на овој начин стануваат и тие заложници и идни жртви на Тошковски по рецептот на Никола Груевски. Како во времето на Груевски, и сега се воспоставува систем на контрола, притисок и уцени. Никој нема да биде поштеден – секој што нема да слуша ќе биде таргетиран“, рече Талески и додаде дека ова е директен удар врз професионализмот и деполитизацијата на полицијата.

Тој ги повика сите слободоумни граѓани, невладини организации, меѓународни претставници да го кренат својот глас против создавањето партиска милиција, против ова, како што рече, рушење на еден од столбовите на демократијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Претседателот на Советот за надзор на ревизијата од државни пари плаќал хотели, ресторани и патувања во странство

Објавено пред

Од

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против едно лице, на кое му се става на товар дека сторило кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

dobivaj vesti na viber

Според обвинението, во периодот од 2021 година до 15 март 2022 година, обвинетиот, во својство на вршител на должност претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија (СУНРСМ), со неизвршување и пречекорување на службените овластувања постапувал спротивно на повеќе законски прописи и со тоа прибавил противправна имотна корист за себе и за други лица нанесувајќи притоа значителна штета на буџетот на институцијата.

Од Обвинителството соопштија дека иако бил свесен дека не се спроведени потребните постапки во согласност со Законот за јавните набавки, обвинетиот незаконски набавувал стоки и услуги од економски оператори, што главно ги користел за лични цели. Притоа се потрошени:
– 1.062.963 денари за ресторански услуги, хотелско сместување во Скопје, безалкохолни пијалаци, кафе, тоалетни производи и сл.;
– 300.350 денари за конференциски услуги што не биле реализирани, но се исплатени;
– 317.859 денари за такси и за изнајмување возила;
– 741.649 денари за хотелски и за туристички услуги во земјата и странство (вклучувајќи пенали за откажување и промени на патување).

Иако Советот како институција немал потреба од ангажирање надворешно правно лице за обука од областа на менаџирање со работните процеси во институцијата ниту, пак, обвинетиот имал потреба да поседува сертификат каков што издавало правното лице, за ваков вид обуки на правното лице му биле исплатени 295.000 денари.

Обвинетиот без претходно донесена одлука на Советот на СУНРСМ за потреба од ангажирање надворешно лице, без предвиден надомест за ангажирање како надворешен советник за специјални цели во Советот, склучил последователно три договори со својата невенчана сопруга. Врз основа на склучените договори обвинетиот носел решенија за службени патувања во странство, каде што трошоците за патувањето и за сместувањето биле на товар на СУНР, а трошоците за исхрана биле покриени преку утврдени дневници за кои тој носел одлуки за нивна исплата. На овој начин само по основ на исплата на дневници и патни трошоци обвинетиот го оштетил буџетот на Советот за 93.800 денари.

Обвинетиот без претходно донесена одлука на седница на Советот за потреба од ангажирање надворешни лица склучил 18 договори за ангажирање физички лица, при што од буџетот на институцијата биле исплатени 1.934.237 денари.

Овие средства биле исплатени за: авторски дела – пишан материјал и совети од областа на управување со човечки ресурси; од областа на јавните набавки; за изработка на детаљна техничка спецификација за набавка на опрема од сегмент на информатички технологии; за давање професионална поддршка на Комисијата за техничка евалуација на пристигнати понуди за јавна набавка на опрема; интелектуални услуги со утврдени обврски на авторот за промовирање на СУНР пред домашната и меѓународната јавност; консултант за антикорупциски практики; консултант за пронаоѓање/посредување меѓу партнери, инволвирање на институции и експерти од Р. Грција, како и посредување помеѓу Министерството за финансии на Р. Грција, Регулаторното тело за комерцијална ревизија на Р. Грција, Стопанската комора на Р. Грција и други светски институции; изработка на проектно-техничка документација за реконструкција на службени простории во СУНР; консултант за изготвување завршна сметка; ангажман на извршител за спроведување соодветен пристап при изработка на завршна сметка и други финансиски обврски, како и логистичка поддршка при работни средби и семинари во организацијата на нарачателот, а за ревизори ментори од Р. Бугарија, активности во Скопје и во Штип, за месечен надомест во износ од 54.000,00 денари; волонтирање за месечен надомест во износ од 36.000 денари; развој и истражување врз база на спроведување експресна анализа на специјализирани тематски прашања поврзани со имплементација на Законот за ревизија во информатичко-технолошките можности.

Обвинетиот со пречекорување на границите на своето службено постапување, спротивно на Статутот на Советот и на Законот за ревизијата, без претходно донесена одлука на одржана седница на Советот и без склучен договор, ангажирал правно лице за инсталирање апликативен софтвер за основни средства и апликативен софтвер за финансиско книжење, иако Советот веќе имал склучено договор со друго правно лице за годишно одржување апликативен модел за 2022 година и модул за финансиско сметководство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Гаши имал интестинална опструкција на тенкото црево, неговата состојба е стабилна, соопшти МЗ

Министерството за здравство информира дека претседателот на Собранието, Африм Гаши е во стабилна здравствена состојба. Тој околу полноќ бил хоспитализиран...

Македонија3 часа

(Видео) Талески: Одбиени сите амандмани на СДСМ, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ заложници на Тошковски

На денешната седница на собраниската комисија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги одбија сите амандмани поднесени од страна на СДСМ на измените...

Македонија3 часа

Претседателот на Советот за надзор на ревизијата од државни пари плаќал хотели, ресторани и патувања во странство

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против едно лице, на кое му се става...

Топ4 часа

Уапсен 71-годишен маж, предизвикал два пожара во Демиркаписко

Полицијата уапси 71-годишен маж кој предизвикал пожари во Демиркаписко. Според информациите на МВР, вчера во 18 часот полициски службеници го...

Македонија6 часа

„Компании за техника наводно нудат модерни телефони преку внатрешна програма поради оштетена амбалажа, ова е лажна објава“, МВР предупредува за измама на социјалните мрежи

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во последните денови актуелна е лажна објава на социјалните мрежи во која...

Македонија8 часа

(Фото) Пронајдени автомобилски гуми, картон и суви гранки подготвени за палење: спречен уште еден обид за подметнување шумски пожар

Вчера попладне под Царев Врв на Осоговските Планини, на 2000 метри надморска височина, во месноста наречена Алтн врв, место на...

Европа10 часа

Рускиот парламент усвои закон со кој се казнуваат корисниците за пребарувања на интернет

Русија сè повеќе го ограничува слободниот пристап до интернет, а медиумскиот регулатор „Роскомнадзор“ неодамна го блокира пристапот до 56.000 веб-страници,...

Свет10 часа

Трамп го објави трговскиот договор со Јапонија: ќе инвестира 550 милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп објави постигнување трговски договор со Јапонија, според кој, според него, Јапонија ќе инвестира 550 милијарди долари...

Европа10 часа

(Видео) Француски воен авион се урна во Украина, објавена снимка

Украинските воздухопловни сили во вторникот објавија дека француски борбен авион Мираж-2000 се урна во регионот Волин, објави Анадолија. „Вечерта на...

Свет10 часа

Трамп се сретна со Безос во Белата куќа, разговараа повеќе од еден час

Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со основачот на Амазон, Џеф Безос, во Белата куќа минатата недела, дознава Си-ен-би-си. Средбата...

Македонија11 часа

Метеж на границите: се чека до 40 минути на Табановце за влез и на Богородица за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Денеска, во временски период од 08:00 – 17:00 часот поради обезбедување...

Македонија24 часа

Работа од далечина, ослободување за ранливите категории на граѓани: власта со препораки за работодавачите поради топлотниот бран

Министерството за здравство информира дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлотниот бран со температури над 40°C...

Македонија1 ден

13 обвинети признаа вина за случајот со измамите со инвалидските пензии и туѓата нега – пресудена затворска казна

Тринаесет обвинети во предметот „Синдром“ склучија спогодби со Обвинителството и врз основа на тоа Основниот кривичен суд Скопје изрече пресуди, при...

Економија1 ден

Линеарното покачување на пензиите од 1.000 денари ќе стигне во Собранието пред да се распишат изборите, вели Мицкоски

Владата, на денешната седница, ќе го разгледа предлог-законот со кој пензиите, место процентуално, наесен и следната пролет ќе се покачат...

Топ1 ден

Македонец почина на плажа во Драч

Турист од Македонија почина вчера на плажа во Драч, Албанија. Инцидентот се случил вчера околу 19 часот во близина на...

Македонија1 ден

Бронзен медал за македонскиот тим на Европската олимпијада во информатика

Македонските ученички информатичарки трета година по ред се оние што успешно ја претставуваат Македонија на меѓународните олимпијади по информатика. На...

Македонија1 ден

Стабилизирана состојбата со пожарот во Преспа, но природата претрпе голема штета

Пожарот што го зафати Езерани во Преспа е ставен под контрола, информира Македонското еколошко друштво. Според нив, ноќта била релативно...

Македонија1 ден

Шест пожари сè уште активни, 38 интервенции на отворено во изминатoто деноноќие

Во изминатите 24 часа, Центарот за управување со кризи (ЦУК) евидентирал вкупно 38 пожари на отворен простор низ земјата. Од...

Европа1 ден

Утре почнуваат нови преговори меѓу Украина и Русија

Нова рунда мировни преговори меѓу Украина и Русија е планирана за среда во Турција, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски цитирајќи...

Македонија1 ден

„Влен“: Бујар Османи одржал 11 состаноци во Белград, 0 во Косово

„За само четири години како министер, Бујар Османи трчаше 11 пати на средби во Белград, а ниту еднаш во Приштина....