Спорт
За кој фудбалски клуб навива кралицата Елизабета?
Британскиот принц Вилијам, кој во исто време е и претседател на Фудбалската асоцијација (ФА) одамна призна дека е навивач на Астон вила, бидејќи е клуб со кој ги дели „вредностите“, но за кого навива неговата, баба, кралицата Елизабета Втора?
95-годишната Елизабета е позната како огромен љубител на трките со коњи и редовно ги посетува, вообичаено е возддржана во отвореното навивање за одредени партии и фудбалски клубови во Британија.
Иако прикладно би било да навива за некој од „елитните“ лондонски клубови со таква репутација како Тотенхем или Арсенал, во 2009 година, таа ги шокирала своите вработени, откако дознала дека еден од нив е навивач на Милвол.
„Кралицата никогаш не сакаше луѓето да дознаат за кого навива, бидејќи мора да е неутрална. Но, ја отрки тајната откако слушна дека еден од вработените во Виндзор е навивач на Милвол, откривајќи дека ги поддржува нивните лути ривали од Вест хем. Сите беа шокирани, бидејќи таа не е типичен навивач на Вест хем“, вели извор од нејзината придружба.
Според „Дејли мирор“, кралицата е долгогодишен навивач на Вест хем, поради почитувањето на поранешниот прв човек на клубот, Рон Гринвуд, кој ги однесе до титулата во ФА купот во 1964 и во Купот на куп победници во 1965 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Ентони Џошуа му ја скрши вилицата на јутјуберот Пол
Шест рунди му беа потребни на британскиот тешкаш Ентони Џошуа да го нокаутира јутјуберот и боксерски почетник Џејк Пол во борба која од самиот почеток беше прогласена за една од најнееднаквите во историјата на боксот.
Пол го помина поголемиот дел од борбата избегнувајќи да влезе во дуел со Џошуа, на крајот потклекна на моќта на двократниот светски шампион.
Џошуа изгледаше сè пофрустрирано додека Пол ја избегнуваше борбата и танцуваше низ рингот. Сепак, британскиот боксер конечно се наметна и го нокаутира јутјуберот двапати во петтата рунда. Пол повторно беше на подот во шестата рунда пред Џошуа да го изведе тврдиот и чист десен удар, му ја скрши вилицата на Пол, што донесе ненадеен крај на надреалната ноќ во центарот Касеја во Мајами. Иако Американецот не успеа да се стане од подот на време, во салата имаше олеснување кога стана и го напушти рингот без помош.
Anthony Joshua finally lands the knockout blow in round 6! #JakeJoshua pic.twitter.com/fLBZKhZW4Y
— Netflix UK & Ireland (@NetflixUK) December 20, 2025
„Не беше ова мое најдобро издание“, рече 36-годишниот Џошуа. „Крајната цел беше да се нокаутира Џејк Пол и да се повреди. Потребно беше малку подолго од очекуваното, но десницата конечно ја пронајде својата дестинација.“
Исходот од мечот беше очекуван, а контроверзниот натпревар повторно ги отвори прашањата за безбедносните ризици создадени од таков јаз во искуството, големината и силата.
За Џошуа, ова беше 29-та победа во 33 професионални настапи, а сега може да се сврти кон вистински предизвици – пред сè, долгонајавуваната пресметка со Тајсон Фјури.
Foto: Profimedia
Спорт
(Видео) Болоња преку Интер до финалето на Суперкупот
Актуелниот освојувач на Купот на Италија, Болоња, ќе се бори за трофејот во Суперкупот. Болоња во Ријад го победи Интер по изведувањето пенали со 3.2. Во регуларниот дел натпреварот заврши 1:1.
Интер беше подобар во текот на целиот натпревар, но тоа не успеа да го претвори во победа. Турам му донесе предност на Интер во втората минута. Болоња изедначи од пенал во 35-та минута, преку Орослини.
Во пенал серијата, во херој се претвори голманот на Болоња, Раваља. Тој ги одбрани ударите на Бастони и Бони, а Барела шутираше над голот.
Финалниот натпревар се игра в понеделник од 20 часот. Противник на Болоња ќе и биде актуелниот првак Наполи.
Спорт
Алекс Фергусон: Можно е Манчестер Јунајтед уште 10 години да не биде шампион
Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, даде загрижувачка прогноза за иднината на клубот, предупредувајќи дека може да помине уште една деценија пред повторно да го кренат трофејот од Премиер лигата.
Јунајтед ја освои последната титула во лигата во 2013 година, точно во последната сезона на шкотскиот стручњак на клупата.
Фергусон денес има 83 години и освои 13 титули во англиското првенство и две Лиги на шампиони со Јунајтед. Тој го водеше клубот 27 години, од 1986 до 2013 година.
Според Фергусон, клучната причина за долгогодишниот пост лежи во лошиот избор на играчи. Тој истакна дека подобрувањето на процесот на регрутирање и доведување засилувања е неопходен предуслов за враќање на клубот на патеките на старата слава.
Тој посочи три нови играчи, за кои смета дека се засилувања
„Аморим е добра личност, не му е лесно. Кога јас пристигнав, Ливерпул беше одличен. Тие беа европски шампиони, но потоа им требаа 30 години за повторно да ја освојат титулата во англиската лига. Таква е ситуацијата со Јунајтед. Може да потрае уште десет години пред да ја освоиме титулата во лигата.
Мора да се погрижиме да доведеме подобри играчи. Голманот Ламенс беше доведен за да направи разлика. Тој е млад, агилен, висок и знае како да игра со рацете и нозете. Тука се и Мбеумо и Куња, за кои мислам дека исто така ќе бидат од голема помош“, им рече Фергусон на новинарите во Бахреин.
Foto/ depositphotos

