Црна хроника
Албански државјани го ограбила старецот во гостиварско- сите се во притвор

Четворица државјани на Албанија го ограбиле и нападнале старецот од гостиварското село Србиново, четвртокот, соопшти МВР.
Против тројца од разбојниците е поднесена кривична пријава за разбојништво, додека еден е пријавен за помагање.
Крадците кои работеле како градежници во селото, се наоѓаат во притвор во траење од 48 часа.
Во четвртокот во 7 часот утрото осумдесет и двегодишниот старец влегол во неговата плевна, каде го нападнале разбојниците и му го украле рачниот часовник и паричник во кој имало 500-600 евра, 3-4.000 денари и клуч.
Му ги врзале рацете и нозете и влегле во неговата куќа, каде ја турнале на подот неговата сопруга. Од комодата украле 3-4.000 евра и златен накит.
Но старецот успеал да се одврзе и ги пресретнал крадците кога излегувале од неговата куќа и еден од нив го удрил со секира. Но краците му ја зеле секирата и го удриле неколку пати по главата и избегале.
Старецот и неговата сопруга биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје, но набрзо се пуштени на домашно лекување.
Извршен е увид на лице место и се работи на откривање на разбојниците./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.