Спорт
Голманот на Ремс Рајковиќ го слика својот син со Меси

Лионел Меси синоќа дебитира за ПСЖ. Аргентинецот во Ремс на теренот влезе во 66. минута. „Светците“ со головите на Килијан Мбапе славеа победа 2:0.
По завршувањето на натпреварот, српскиот репрезентативен голман Предраг Рајковиќ со својот син застана пред Аргентинецот, го извади мобилниот телефон и направи неколку фотографии.
Меси пред три недели како слободен играч од Барселона се пресели во ПСЖ. Аргентинецот од својата 13. година беше член на Барселона.
A quick selfie, a banner signing and bumping into Thierry Henry! ?♂️
A surreal ending for Leo Messi in his first game for PSG! #beINLigue1 #SDRPSG
Watch Now – https://t.co/hkoevnV6B4 pic.twitter.com/9WvAvcMpgJ
— beIN SPORTS (@beINSPORTS_EN) August 29, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јован Манев на заем во Нови Пазар

Фудбалерот на Риека, Јован Манев, ќе игра во Нови Пазар до крајот на сезоната како позајмен играч, соопштенја од редовите на третопласираниот клуб од српската Супер лига во сезоната 2024/25.
По истекот на позајмицата, тимот на Нови Пазар ќе има право да го купи дефанзивецот, чиј договор со актуелниот хрватски шампион трае до летото 2027 година.
Во текот на својата кариера, Манев (24) играше и за Адана Демирспор, Осиек, Брегалница и Осогово, додека одигра 11 натпревари и постигна гол за сениорската репрезентација на Македонија.
Foto/ nk-rijeka.hr
Спорт
Аргентинците го најавија последното танго на Меси на 4 септември

Лионел Меси има 38 години и ја „верификуваше“ својата трофејна кариера со освојувањето на Светското првенство со Аргентина, во Катар во 2022 година.
Се подразбира дека тој ќе игра и на Светското првенство во Северна Америка наредната година, а аргентинските медиуми веќе зборуваат за последниот натпревар на веројатно најдобриот фудбалер во историјата пред домашната публика.
„ДСпорт“, најавува дека тоа ќе се случи на 4 септември, кога е закажан квалификацискиот натпревар против Венецуела на „Монументал“ во Буенос Аирес, а пет дена подоцна е закажан натпреварот во Еквадор.
„Жалам од срце, но, ако ништо не се промени, тоа ќе биде последен пат Меси да игра официјален натпревар со аргентинската репрезентација во Буенос Аирес. Повеќе немаме официјални натпревари во Аргентина, а во 2026 година, доколку се исполнат условите, ќе играме пријателски, бидејќи нема планирани официјални натпревари“, објасни новинарот Фернандо Чиз и подвлече: „Тежок удар е да се прифати дека ова е речиси сигурно последен пат Лионел Меси да стапне на „Монументал“ во официјален натпревар.“
Аргентина, Еквадор и Бразил веќе обезбедија учество за следното Светско првенство.
Спорт
На повидок пресвртница во фудбалот, Дијара го лансира новиот Босман

Организацијата „Правда за играчите“ ја тужи ФИФА, тврдејќи дека правилата за трансфери ги кршат работничките права на играчите и нивната слобода на движење.
Во Холандија е поднесена тужба која би можела да ги промени правилата на играта. Организацијата „Правда за играчите“ ја тужи ФИФА, тврдејќи дека правилата за трансфер ги кршат работничките права на играчите и слободата на движење. Ова е борба што ги надминува границите на спортот, за правото на фудбалерите сами да управуваат со своите кариери.
Преседан веќе беше поставен во 2024 година, кога Европскиот суд на правдата застана на страната на Ласана Диара. Тој еднострано го раскина договорот во 2014 година, а ФИФА го казни и побара обештетување според член 17 од своите правилници.
Овој член предвидува дека играчот кој го раскинува договорот без согласност на својот клуб мора да плати обештетување и ризикува суспензија. Сепак, судот утврди дека правилата ги кршат законите на ЕУ за слобода на движење на работниците и правилата за фер конкуренција.
Токму ставот на овој суд ја отвори вратата за „новиот Босман“. Исто како што познатата пресуда од 1990-тите им даде право на играчите слободно да се движат во други клубови по истекот на нивните договори, овој нов процес го доведува во прашање целиот систем на обештетување и санкции што клубовите и ФИФА им ги наметнуваат на играчите.
Доколку судот потврди дека правилата на ФИФА се спротивни на европското право, играчите би добиле многу поголема слобода на преговори и движење, додека клубовите би изгубиле важен извор на контролата и приходите.
Европа веќе зборува за „нов Босман“, а исходот од овој случај би можел засекогаш да го промени балансот на моќта во фудбалот.
Фото/ Принтскрин