Спорт
Рио Фердинанд: Не смее Бруно да дозволи Роналдо да ги шутира слободните!
Враќањето на Кристијано Роналдо во таборот на Манчестер Јунајтед каде играше од 2003 до 2009 година предизвика еуфорија кај навивачите кои веруваат дека токму тој е она што му недостасуваше на клубот за повторно да се бори за трофеи.
Сигурно сега ќе има поместувања во тимот, се помалку место ќе има за Марсијал и за Гринвуд, но легендата на клубот, екс-дефанзивецот Рио Фердинанд предупредува да не му бидат дозволени сите привилегии на CR7.
„Сигурен сум дека Бруно Фернандеш ќе му ги препушти пеналите, но не треба и слободните удари. Мислам дека тој ќе ги изведува и во иднина и така треба да биде затоа што е многу опасен. Сигурен сум дека Бруно ја гледа широката слика и дека ќе се жртвува за конечната цел. Ако тоа значи помалку негови голови, а освојување повеќе трофеи, сигурен сум дека тој тоа ќе го прифати“ вели Фердинанд.
Интересен податок – Кристијано Роналдо има само 1 гол од последните 70 обиди од слободен удар. Во Јувентус постигна 27 гола од 32 обиди од белата точка.
Фернандеш за Јунајтед има постигнато два гола од слободен удар, а од пенал има само едно промашување од 22 пенали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

