Свет
Нафтена дамка со големина на Њујорк се шири на Медитеранот
Нафтената дамка, која потекнува од излевање од најголемата сириска рафинерија, расте и се шири низ Средоземното Море, а денеска би можела да стигне до островот Кипар, објавија локалните власти.
Сириските власти минатата недела соопштија дека резервоар со 15.000 тони гориво протекол на 23 август во термоелектрана во сирискиот крајбрежен град Банијас.
New satellite imagery analyisis by @EOSOrbital using Sentinel-1 indicats that the #Baniyas oil spill seems way larger than anticipated, with almost 1000km2, though visual IDing is need to see if and how big the oil sheen is h/t @HarelDan pic.twitter.com/eqDK1vdD0D
— Wim Zwijnenburg (@wammezz) August 30, 2021
Анализата на сателитските снимки на „Орбитал ЕОС“ покажува дека истекувањето на нафтата е поголемо отколку што првично се мислеше и се протега на површина со иста големина како и Њујорк. Компанијата за Си-ен-ен изјави дека нафтената дамка била на околу седум километри од кипарскиот брег.
Фотографиите што кружат на социјалните мрежи повеќе од една недела покажуваат нафтена дамка по должината на крајбрежните области на Сирија, а локалните жители предупредија на потенцијална закана за морскиот живот. Жител на Банија, кој зборуваше за Си-ен-ен под услов на анонимност вели дека голем дел од брегот е загаден.
Турција, која има граница и крајбрежје со Сирија, исто така е вклучена во санација на штетата.
من عمليات إزالة التلوث الذي وصل إلى شاطئ مدينة #جبلة نتيجة تسرب الفيول من أحد خزانات المحطة الحرارية في #بانياس حيث تجري الأعمال بشكل يدوي بسبب طبيعة الشاطئ الصخرية pic.twitter.com/EIGVrHZYQ3
— سانا عاجل (@SanaAjel) August 25, 2021
„Ги преземаме неопходните мерки со мобилизирање на нашите ресурси за да спречиме каква било можност излевањето да се претвори во еколошка катастрофа“, рече турскиот потпретседател Фуат Октај за државната новинска агенција „Анадолија“.
Ова е второ големо излевање нафта во источен Медитеран оваа година. Во февруари излевање нафта од израелскиот брег уништи плажи и остави катран низ либанскиот брег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сè потензично меѓу Словачка и Украина: Зеленски и Фицо разговарале за руската нафта
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, и словачкиот премиер Роберт Фицо телефонски разговараа во услови на зголемени тензии поради прекинот на испораката на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, кој минува низ Украина.
Од кабинетот на Зеленски соопштија дека претседателот го поканил Фицо во Украина за да разговараат за сите отворени прашања.
Словачка и Унгарија го обвинуваат Киев за одолговлекување со повторното пуштање во работа на нафтоводот, чиј дел во Украина беше оштетен во руски напади во јануари. Тие тврдат дека е поправен, но Зеленски посочи дека работите сè уште не се завршени и ја повика Будимпешта да разговара со Москва, која, според него, повеќепати го бомбардирала нафтоводот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан соопшти дека со Фицо формирале заедничка истражна комисија и побара Украина да дозволи унгарски и словачки инспектори да влезат во земјата. Во меѓувреме, Орбан го блокира заемот од 90 милијарди евра од Европската унија за Украина и нови санкции против Москва, сè додека не продолжат испораките преку „Дружба“.
Свет
Врховниот суд на Израел ја стопира владината забрана за хуманитарните организации во Газа
Израелскиот Врховен суд привремено ја блокира одлуката на владата со која на 37. меѓународни хуманитарни организации, меѓу кои и „Лекари без граници“ и Норвешкиот совет за бегалци, им беше наложено да го прекинат работењето во Газа и на Западниот Брег, освен ако не ги прифатат новите услови, вклучително и доставување список на палестински персонал.
Седумнаесет здруженија пред шест дена побараа од судот итно укинување на одлуката, предупредувајќи на тешки хуманитарни последици.
Со привремената одлука на судот, организациите ќе можат да продолжат со поголемиот дел од активностите додека не се донесе конечна пресуда. Израелските власти тврдат дека мерката е неопходна за да се спречи злоупотреба на хуманитарната помош од палестински вооружени групи.
Свет
„Политико“: Демократите бараат итно објавување на транскриптот од сведочењето на Хилари Клинтон
Демократите во Претставничкиот дом бараат целиот транскрипт од сослушувањето на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон пред членовите на Надзорниот комитет, во врска со истрагата за осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, да биде објавен во рок од 24 часа.
Како причина за ова барање, демократите ја наведуваат ограничената транспарентност на постапката зад затворени врати, пишува американскиот „Политико“.
Демократските конгресмени Роберт Гарсија, Јасамин Ансари, Весли Бел, Сухас Субрамањам и Џејмс Вокиншо, кои се и членови на Надзорниот комитет на Претставничкиот дом што го спроведе сослушувањето, го поднесоа ова барање, но како што е наведено, веројатноста за објавување на транскриптот во толку краток временски период е многу мала.
Постапката бара судскиот записничар да го врати транскриптот во Комитетот по неколку дена, а правниот тим на Клинтон мора да го разгледа пред да биде објавен.
Сепак, демократите бараат итно објавување на транскриптот бидејќи Хилари Клинтон побара сослушувањето да биде отворено за јавноста, што беше одбиено.
Гарсија, исто така, рече дека Клинтон одговорила на сите прашања за време на сослушувањето и дека не се повикала на Петтиот амандман и дека не дала никакви информации што би биле корисни за истрагата на комисијата.
„Сведоци сме на неверојатно лекомислена кловновска претстава на сослушувања каде што членовите на Конгресот и Републиканската партија се повеќе загрижени за добивање можност за фотографирање со секретарката Клинтон отколку за тоа да дојдат до вистината и да повикаат некого на одговорност“, им рече Ансари на новинарите.

