Регион
Радев: Ќе се зголемува притисокот врз Бугарија на тема Северна Македонија

Пристапувањето на земјите од Западен Балкан кон ЕУ и воспоставувањето на демократски принципи и норми на однесување на Балканот е во интерес не само на обединета Европа, туку пред сè во интерес на сите граѓани во нашиот регион, изјави бугарскиот претседател Румен Радев на лидерскиот панел посветен на проширувањето на Европската Унија, што се одржува во рамките на Бледскиот стратешки форум во Република Словенија.
Радев истакна дека европската интеграција на земјите од Западен Балкан ќе продолжи да биде приоритет за бугарската надворешна политика, особено со акцент на европската перспектива на Република Северна Македонија.
„За жал, во последниве години нашите односи со Република Северна Македонија се во застој, и поради неможноста да се објасни нашата позиција, Бугарија дури и падна во изолација од своите европски партнери и поради оваа причина очекувањата за компромис од страна на Бугарија тие постојано растат. Поради оваа причина, и преодната влада и претседателската институција прават систематски напори да го вратат дијалогот со политичкото раководство на Република Северна Македонија на највисоко ниво, како и да ја бранат позицијата на нашата земја пред европските партнери“, рече Радев.
Тој додаде дека Бугарија е најзаинтересирана за Република Северна Македонија, а со тоа и Албанија, што е можно поскоро, да тргне по нивниот европски пат. Затоа, Бугарија очекува активен билатерален дијалог со својот југозападен сосед за да постигне правно обврзувачки гаранции што ќе доведат до одржливи и неповратни решенија за развој на билатералните односи, особено по резолуцијата усвоена во јули во македонското Собрание, за пријателство и добрососедство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.