Црна хроника
Петмина приведени за убиството во Кичевско

Полицијата приведе пет лица, четворица од село Србјани и еден од Кичево за расветлување на вчерашното убиство на дваесет и осумгодишната Гзиме Ермулоска, која настрада во вторник во вооружена престрелка меѓу нејзиниот сопруг Керим Ермулоски и Абази Алит
Сопругот на Гзиме со тешки повреди вчера беше пренесен во Ургентниот центар, а Алит заврши во полициска станица. Полицијата сè уште не ги соопштува мотивите за убиството.Неофицијалните информации говорат дека на убиството му претходела расправија за неодамнешното убиство во Кичево на печалбарот од САД, Јусуф Бајрами. Тогаш Џемаил Ајрула по грешка го уби Бајрами од Стрелци, мислејќи дека станува збор за друг жител на градот, неофицијално за Абази Алит. Се шпекулира дека Гзиме и нејзиниот сопруг биле роднини со убиениот печалбар.Ова е четврто убиство во Кичевско за само еден месец. Сопругот на Гзиме со тешки повреди вчера беше пренесен во Ургентниот центар, а Алит заврши во полициска станица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Со мопед удрил во 13-годишен пешак и побегнал

Синоќа околу 21:10 часот во СВР Куманово, е пријавено дека на регионалниот пат с.Лојане-Граничен премин Миратовац, кај с.Лојане, општина Липково, мопед удрил во 13-годишник од с.Лојане, општина Липково по што возачот со мопедот го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на мопедот.
Топ
21-годишно момче загина а две лица се тешко повредени во сообраќајка кај Градско

Денеска (28.08.2025) околу 00:10 часот во СВР Велес, е пријавено дека на локалниот пат с.Горно Чичево-с.Долно Чичево, општина Градско, патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.А.(22) од Градско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговите сопатници Љ.О.(21), Б.П.(20) сите од Градско и Х.Л.(22) од с.Ногаевци, општина Градско, констатирани во Општата болница Велес.
Од здобиените повреди починал Љ.О., а од страна на лекар констатирана била смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.
Црна хроника
Маж од Австралија пронајден починат во хотелска соба во Битола

На 27.08.2025 во СВР Битола, било пријавено дека во хотелска соба во Битола бил пронајден починат С.С.(69) од Австралија.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.