Македонија
Заев за Максим Димитриевски: Оној што ќе тргне против СДСМ не може да биде член на партијата
Во Статутот на партијата, кој членовите го почитуваат како устав, јасно стои дека оној што ќе тргне против партијата и ќе се спротивстави на одлуките на партијата не може да биде СДСМ, рече денес премиерот Зоран Заев за најавеното исклучување на сегашниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, откога тој се одлучи за независна кандидатура на претстојните локални избори.
На следната седница на Централниот одбор, Заев рече дека само формално ќе се помине процедурата за исклучувањето, кое самиот Димитриевски го направил со независната кандидатура.
„Максим Димитриевски беше член на конгресот, по функција член на Централниот одбор, како градоначалник секогаш имал можност да дојде да ги каже своите забелешки. И овде јасно ја знае процедурата како се донесуваат одлуките и неговата определба да не дочека СДСМ да ја донесе одлуката и прерано да го напушти процесот на селекција на кандидатите, во согласност со сите истражувања што ги правевме, е негова лична одлука и со таа лична одлука ја донесе и одлуката за себеисклучување од СДСМ“, рече Заев.
Димитриевски, според премиерот и претседател на партијата, имал можност да ги каже сите забелешки и различности, да дискутира во органите на партијата и да се бори за своите ставови.
„СДСМ е исклучително демократска партија, која своите одлуки и определби не ги носи врз основа на ставови на поединци или на некој колектив, туку ги носи на своите органи и тела и врз основа на Статутот, тој за нас е најважниот документ по кој работиме и секако е израз на максимална демократска процедура во СДСМ. Таму е јасно опишано, кога ќе тргнете против СДСМ, кога ќе му се спротивставите на СДСМ, не можете истовремено да бидете и член на СДСМ“, рече Заев.
На забелешките дека со најавеното исклучување на Димитриевски партијата не постапува по Статутот, Заев одговори дека Статутот е јавно достапен документ, надополнет со етички кодекс, кој им дава максимална слобода на членовите, но и ги повикува на обврски што треба да ги почитуваат.
И покрај независната кандидатура на Димитриевски во кого велат дека вложиле и како држава и како партија, лидерот на социјалдемократите смета дека во Куманово ќе победи СДСМ оти оваа партија победува 30 години и тврди дека нивниот кандидат Оливер Илиевски заслужува да биде избран уште во првиот круг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

