Свет
Драги: Вакцинацијата во Италија може да биде задолжителна

Италија би можела да ја направи вакцинацијата задолжителна за сите лица што се медицински и возрасно квалификувани и планира да почне со зголемени дози подоцна овој месец, првин со луѓе со придружни болести, изјави денеска премиерот Марио Драги.
Владата веќе ја направи вакцинацијата задолжителна за медицинските работници доколку сакаат да бидат платени, но Драги рече дека сите можеби ќе треба да се вакцинираат кога Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе даде целосно одобрување на вакцините, објави „Ројтерс“.
ЕМА досега им даде условно одобрување на четири производители (Фајзер/Бионтек, „Модерна“, „Џонсон и Џонсон“ и „Астра зенека“).
Доколку ЕМА даде целосно одобрување, во тој момент, според Драги, вакцинацијата може да стане задолжителна за сите квалификувани.
Премиерот на Италија додаде дека е убеден оти до крајот на месецот 80 проценти од граѓаните постари од 12 години може целосно да се вакцинираат наспроти сегашните 70,5 проценти.
Тој додаде дека владата планира да ја прошири употребата на таканаречената зелена карта, која е потребна за подолги патувања, пристап до многу слободни активности, а исто така е задолжителна за вработените во училиштата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Русија ја шири војната, Западот мора превентивно да делува

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за проширување на војната по нарушувањето на воздушните простори на Полска и Романија.
„Русија точно знае каде летаат нејзините дронови – ова не е грешка на пониски команданти. Очигледно ja шират војната“, порача Зеленски на Телеграм, додавајќи дека тоа бара превентивно дејствување на Западот.
Тој повторно повика на заострување на санкциите и тарифите кон руската трговија и намалување на увозот на руска нафта. Зеленски го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за координирано дејствување и апелираше: „Не чекајте десетици дронови и проектили за да донесете одлуки. Престанете да барате изговори.“
Свет
(Видео) Напад со дрон предизвика пожар во втората најголема рафинерија во Русија

Во рафинеријата за нафта во Кириќи, на северозападот на Русија, изби пожар по пад на остатоци од соборен дрон, соопшти гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко.
Тој потврди дека пожарот е изгаснат и дека нема повредени.
Рафинеријата „Кинеф“ на Сургутнефтегаз во Кириќи е една од двете најголеми во Русија. Годишно преработува околу 17,7 милиони тони сурова нафта (околу 355.000 барели дневно), што претставува 6,4% од вкупното производство во земјата.
Russian Telegram channels report a large fire at the Novo-Ufimskiy oil refinery in Russian Ufa, after a drone attack. pic.twitter.com/jKTqW5ouQO
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 13, 2025
Свет
САД и Велика Британија ќе потпишат важен технолошки договор

Обединетото Кралство и САД во наредните денови ќе потпишат значаен технолошки договор во рамките на државната посета на американскиот претседател Доналд Трамп на Лондон, соопшти британската амбасада во Вашингтон.
Договорот е насочен кон зајакнување на соработката во сектори како вештачка интелигенција, полупроводници, телекомуникации и квантно компјутерство, вредни трилиони долари.
Посетата на Трамп ќе трае три дена и ќе ја придружува делегација од водечки американски бизнис-лидери, меѓу кои директорите на Nvidia и OpenAI.
Според Sky News, инвестицискиот гигант BlackRock планира да вложи 700 милиони долари во британски дата-центри како дел од пакет договори што ќе бидат објавени за време на посетата.