Свет
(Видео) Над 50 загинати во невремето во САД, папата ги повика луѓето да бидат силни
Најмалку 50 луѓе загинаа во ураганот Ида, кој го погоди североисточниот дел на САД, додека голем број луѓе сè уште се водат како исчезнати.
Папата Франциско ги повика оние што се погодени од катастрофата да бидат силни.
Во Њујорк се потврдени 17 смртни случаи, четири во Вестчестер, а останатите во градот Њујорк, каде што речиси сите жртви беа заробени во илегални подрумски станови, изјави портпаролот на гувернерката, Кети Хочул, пренесе „Ројтерс“.
Во Њу Џерси се потврдени 27 смртни случаи во невремето, а четири лица се водат како исчезнати, изјави портпаролот на гувернерот Фил Марфи. Бројот на жртви во Луизијана се искачи на 12 и се стравува дека може да има повеќе, изјави гувернерот на таа федерална држава, Џон Бел Едвардс.
Луизијана беше првата што беше погодена од Ида и повеќе од милион жители останаа без електрична енергија, а некои и денес ја немаат. Бел Едвардс објасни дека многумина сега се потпираат на генератори и дека 12 луѓе починале од труење со јаглерод моноксид поради употреба на генератори. Двајца корисници на дом за стари лица загинаа кога ураганот го уништи складиштето каде што беа евакуирани, па истрагата е во тек, соопштија властите.
Папата Франциско упати сочувство до жртвите на Ида на неговата неделна миса на плоштадот Свети Петар.
„Господ нека ги поздрави душите на загинатите и нека им даде сила на оние што страдаат од оваа несреќа“, рече папата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

