Црна хроника
82 казни за возење под дејство на алкохол на територијата на државата
Во текот на вчерашната вечер во периодот од 23.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 82 возачи. Од нив, 18 на територијата на Битола, 13 на територијата на Тетово, соопшти МВР.
Од таму најавија дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсена жена во Гостивар, била фатена како краде во продавница
Вчера во 18.45 часот на улица „Светозар Пепоски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода 50-годишната Г.И. од гостиварско Неготино.
„Таа била фатена при извршување кражба во продажен објект, по што се обидела да побегне, но била спречена и лишена од слобода“, соопшти МВР.
По целосно расчистување и документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Битола, приведен дилер
Вчера во 11.00 часот во Битола, полициски слушбеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле лицето 48-годишниот Г.Н. од Битола, извести МВР.
„При претрс во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, ампули апаурин и ампули диазепам“, велат од МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Маж насилно изваден од својот дом и со убодни рани оставен кај Транспортниот центар во Скопје
Вчера во 07.40 часот во Полициската станица Аеродром, 34-годишниот К.Б. од Скопје пријавил дека на 24/25.04.2024 околу 01.30 часот, А.„Н“ со употреба на сила го извадил од неговиот дом и го внел во патничко возило кое го управувал К.„Н“, со уште едно лице совозач, извести МВР.
„Како што е пријавено, во возилото А.„Н“ му нанел неколку убодни рани со остар предмет и го однеле кај Транспортен центар во Скопје, каде што повторно му нанел повреда со остар предмет, по што физички го нападнале и го оставиле. Исто така, според пријавеното, тој не бил на преглед и не пријавил во полициска станица затоа што лицата му се заканиле“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.