Црна хроника
Најмалку десетмина удавени при потонувањето на „Илинден“
Според очевидци при потонувањето на туристичкиот брод полн со патници кој патувал кон Свети Наум, кај плажата Елешец се удавиле десетмина туристи
Од СВР Охрид за www.forum.com.mk изјавија дека нивни екипи се на теренот и дека засега не можат да кажат ништо официјални и подетално за бројката на жртвите и за причините за потонувањето на бродот.Од капетанијата изјавуваат дека на бродот имало група од педесетина туристи од Бугарија кои утрово прд 11 часот заминале со бродот „Илинден“ на туристички разлгедување по езерото.„Бродот потона многу брзо, за само неколку минути. слушнавме само врискање на жени. Додека се собравем веќе се’ беше готово. Мислам дека беа бугарски туристи. Многу е страшно. Мислам дека ќе има многу жртви“, изјавил очевидец за охридската агенција Инпрес кој аима потврда за најмалку пет удавени лица. Од Капетанијата Охрид каде по првата вест за потонувањето владее тревога, изјавија дека на помош веднаш ибиел уаптени бродовите „Галеб“ и „Александрија“. Помош пружале и локални жители кои со чамци се упатиле на местото на трагедијата. Извадените од водите давеници со приватни возила и со автомобили на случајни минувачи биле пренесувани во општата болница во Охрид.На теренот се излезени и екипи на СВР Охрид и протвипожарната станица од Охрид, како и медицински екипи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претепал 17-годишна девoјка од Струга: уапсен маж од Тетовско
Утрово во 02:30 часот на ул.„Ристо Крле“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Р.(29) од тетовско село.
Полицијата постапила по претходна пријава дека физички нападнал 17-годишна девојка од Струга.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.
Црна хроника
Уапсени две лица во Тетово и Гостивар, кај нив се пронајдени пиротехнички средства
Вчера во 14:20 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.З.(52) од Тетово.
При извршена контрола во неговиот продажен објект, биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства, за кои не поседувал никакви документи.
Исто така, во 16:30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, кај Градскиот пазар во Гостивар, го лишија од слобода Ј.М.(64) од Тетово затоа што бил затекнат како врши продажба на остри предмети, а при преглед во неговото товарно возило ,,форд“ со тетовски регистерски таблички биле пронајдени и одземени 2.053 парчиња разновидни пиротехнички средства, разновидни ножеви и метални боксирачи.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
24-годишен скопјанец истепа полицаец на крстосница: со повреди полицискиот службеник е пренесен во болница
Вчера во 15:10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 24-годишниот А.С. од Скопје затоа што на крстосницата на булевар „Никола Карев“ со улицата „Македонско – косовска бригада“ во Скопје физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, регулирање на сообраќајот за време на протест.
Полицискиот службеник е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му се констатирани телесни повреди.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

