Црна хроника
Застрелани три лица во суд во американската држава Делавер
Властите во американската сојузна држава Делавер соопштија дека во понеделникот наутро по локално време имало пукање во судот на областа Њукасл во главниот град Вилмингтон, при што се убиени три лица а ранети се уште две, пишува интернет изданието на Huffington Post, повикувајќи се на локалната полиција.
Според полицијата, жртви во нападот се две жени, вклучувајќи ја и сопруга на напаѓачот, кои се здобиле со фатални рани. Двајца полицајци од судското обезбедување биле транспортирани до блиската болница, но нивните животи не се загрозени.
Како што соопштиле полициски извори за NBC Philadelphia, напаѓачот, исто така, е мртов, но не се наведува дали станува збор за самоубиство или е застрелан во престрелката со судското обезбедување.
Според други информации на локалниот портал Delaware Online Reports, кој се повикува на полициски извор, напаѓачот за кој се претпоставува дека бил припадник на обезбедувањето, бил уапсен.
Напаѓачот отворил оган во 8 часот по локално време во фоајето на зградата на судот, изјавил портпаролот на полицијата на државата Делавер. Нагласил дека тој не минал преку безбедносниот периметар кој се наоѓал неколку метри во внатрешноста од влезот во објектот.
Властите соопштија дека осум до десет полициски службеници се постојано присутни на територијата пред судот или во самиот суд. По инцидентот, повеќе училишта во Вилмингтон, биле затворени.
Градоначалникот на Вилмингтон, Денис Вилијамс, во телефонски разговор изјавил дека е мртов човекот кој е осомничен за убиство на неговата сопруга и ранувањето на други две лица во судот на областа Њукасл. Додал дека напаѓачот бил убиен од полицијата, а според неговите информации двојката живеела одвоено.
Портпаролот на полицијата на Вилмингтон, пак, претходно изјавил дека три лица биле застрелани. Полицискиот наредник Џејмен Крафорд потврдил дека жртвите биле две жени и еден маж. За мажот само рекол дека бил безбедносно лице.
Засега не се соопштени други детали за инцидентот, како ниту евентуалните мотиви на напаѓачот.
Весникот пренесува дека и по неколку часови по инцидентот, во зградата на судот е забележливо силно присуство на полицијата, а исто така блокирани се и околните улици./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

