Спорт
Бенжамин Менди ќе остане во притвор барем до јануари!
Судењето на ѕвездата на Манчестер сити, Бенжамин Менди, за четири обвиненија за силување и едно за сексуален напад, ќе почне на крајот на јануари, што значи дека трикратниот освојувач на Премиер лигата ќе остане во притвор до крајот на судењето.
Поранешниот француски репрезентативец беше обвинет за низа сексуални престапи на три жени од октомври 2020 до август 2021. Втор човек, идентификуван како Луис Саха Матури, исто така е обвинет за истиот случај.
Менди пристигна во Сити во 2017 година за тогаш рекордни за дефанзивец 78 милиони долари и е суспендиран од клубот, кој е критикуван што му дозволувал на фудбалерот да игра додека траела истрагата на полицијата.
Ако Менди е осуден, покрај затворската казна што го очекува, најверојатно ќе добие и раскинување на договорот од Сити бидејќи во неговиот договор има опција за раскинување ако го наруши угледот на клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал скапо ја плати победата во Билбао
Во 19-то коло од шпанската Ла Лига, фудбалерите на Реал Мадрид забележаа убедлива победа од 3:0 на гостински терен против Атлетик во Билбао. Килијан Мбапе ги предводеше „Кралевите“ до победа со два, а Едуардо Камавинга додаде еден со асистенција на Мбапе. По овој резултат, Реал се доближи на еден бод од лидерот Барселона, додека Атлетик е осмиот тим во Ла Лига со 20 бода.
Победата во Билбао е со горчлив вкус, бидејќи мечот не го завршија двајцата најдобри, покрај Мбапе.
Англискиот дефанзивец Трент Александер-Арнолд мораше да го напушти натпреварот поради повреда. Токму кога го одигра најдобриот натпревари во дресот на Реал. Доживеа повреда на бутниот мускул на левата нога, а првите прогнози не се оптимистички, пишува шпанскиот весник „Марка“.
Арнолд ќе биде подложен на детални прегледи за да се утврди точниот степен на повредата, но вестите што доаѓаат од клубот не влеваат надеж.
„И двата случаи се загрижувачки“, соопшти Реал, осврнувајќи се на состојбата на Трент и повредениот соиграч Едуардо Камавинга. Тој исто така пред време го заврши натпреварот, само 14 минути откако Англичанецот излезе од игра во 55-та минута.
Спорт
Нејмар го води Сантос кон опстанок во лигата
Нејмар (33) му помогна на Сантос да направи клучен чекор во борбата за опстанок во лигата, постигнувајќи хет-трик во победата од 3:0 против Жувентуд. И покрај тоа што играше со повреда на коленото, бразилската ѕвезда ги постигна сите три гола во рок од 17 клучни минути во второто полувреме, со што му донесе на Сантос исклучително важна победа.
Нејмар веројатно ќе мора да се подложи на артроскопска операција на крајот од сезоната поради повреда на менискусот на левото колено. Тој ги одигра последните два натпревари со третмани за контрола на болката што ја чувствува. Со три нови гола, тој го зголеми својот учинок на 11 гола и четири асистенции во 29 натпревари за бразилскиот тим оваа сезона.
Хет-трикот против Жувентуд беше негов прв од април 2022 година, кога последен пат постигна три гола за Пари Сен Жермен против Клермон.
Поранешната ѕвезда на Барселона го постигна првиот гол во 56-та минута по брз контранапад. Помалку од десет минути подоцна, Нејмар повторно беше прецизен, овој пат по центаршутот на Игор Винисиус. Тој го комплетираше хет-трикот од пенал, кратко пред да биде заменет во 83-та минута.
Победата значително го оддалечи неговиот клуб од зоната за испаѓање, а до крајот на сезоната останува само еден натпревар. Сантос сега е два бода пред Виторија, клубот моментално на последното место меѓу четирите екипи кои испаѓаат во втората лига на Бразил.
Foto/ EPA
Спорт
Мареј шоу во Индијанаполис – Денвер ја декласира Индијана
Џамал Мареј одигра спектакуларен натпревар во Индијанаполис, го предводеше Денвер до триумф над Индијата 135:120.
Репрезентативецот на Канада го затрупа кошот на Индијана со 52 поени, погоди 10 тројки од 11 обиди, од поле промаши само шест пати (19/25). Овај учинк сепак не е најдобар во кариерата на Мареј, му недостигаа три поени за да постави личен рекорд.
Во сенка на Мареј остана и Никола Јокиќ, кој одигра на своето ниво (24 поени, осум скока, 13 асистенции). Уште тројца играчи на Денвер имаа довцифрен ефект.
Паскал Сиакам ги предводеше Пејсерси со 23 поени, додека Ендру Немхард имаше 16 поени и седум асистенции.
Резултати:
Кливленд – Портланд 110:122
/Мичел 33 – Авдија 27/
Орландо – Сан Антонио 112:114
/Вагнер 25 – Фокс 31/
Атланта – ЛА Клиперс 92:115
/Александер Вокер 21 – Харден 29/
Њујорк – Шарлот 119:104
/Таунс 35 – Бол 34/
Чикаго – Бруклин 103:113
/Гиди 28 – Портер 33/
Хјустон – Сакраменто 121:95
/Шенгун 28 – Монах 25/
Милвоки – Детроит 113:109
/Портер 27 – Харис 20/
Далас – Мајами 118:108
/Флег 22 – Ве 22/

