Економија
Битиќи: Интерконекторот со Грција шанса да се позиционираме како регионален хаб за снабдување со гас
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, присуствуваше на панелот „Геополитиката, инфраструктурата и поврзаноста во регионот на Југоисточна Европа“, кој се одржа во рамките на „Енергетскиот форум на Југоисточна Европа 2021 (South East Europe Energy Forum 2021)“, во Солун, Република Грција, и е во организација на Американско-грчката стопанска комора, Асоцијацијата за енергетска економија на Грција, во соработка со Амбасадата на САД и Атлантскиот совет.
Битиќи нагласи дека во последните неколку години енергетските политики во Република Северна Македонија се поставени на стабилни основи. Тие, рече тој, гарантираат безбедно и стабилно снабдување со енергенси, но и диверзификација при снабдувањето, кои се базирани на чиста зелена енергија и кои ќе овозможат одржлив раст на економијата на нашата држава.
„Нашиот нов Закон за енергетиката е целосно усогласен со ЕУ-регулативите, како и со Енергетската заедница, и овозможува реализација на новата Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година и националниот план за клима и енергија, кој се чека на усвојување. За овие наши активности Енергетската заедница ги пофали нашите напори и посветеност за сето она што го направивме во енергетскиот сектор бидејќи сме првата земја од Западен Балкан што го стори сето тоа“, додаде Битиќи.
Денеска, во рамките на овој форум се потпиша договорот помеѓу националните преносни компании за гас во Северна Македонија (НЕР) и во Грција (ДЕСФА), во кој се дефинирани условите за соработка и временската рамка за изградба на гасен интерконектор помеѓу двете земји. Тоа, според Битиќи, е еден од нашите клучни проекти.
„Изградбата на овој интерконектор за течен гас, истакна вицепремиерот, ќе отвори многу можности за нашата земја, со кои ќе имаме шанса да се позиционираме како регионален хаб за снабдување со гас на земјите во регионот на Југоисточна Европа, а за нашата национална економија ќе обезбедиме диверзифициран извори на енергенси и ќе ја поттикнеме конкурентноста. Покрај инвестициите во интерконекторот со Грција, планираме и поврзување со Косово, Србија и Албанија. Ова ќе го отвори хоризонтот за подобрување на регионалната соработка и конкурентноста на заедничкиот регионален пазар“, нагласи Битиќи.
Додаде дека на овој начин сите заедно покажуваме дека инвестирањето денес во побезбедно, конкурентно, поевтино и поеколошко снабдување со енергија ќе значи инвестирање во нашата иднина.
„Покрај овој интерконетор за гас со Република Грција, веќе потпишавме договор за соработка за изградба на гасниот терминал во Александрополи, каде што Северна Македонија ќе поседува 10 % од акциите на терминалот. Исто така, учествуваме во изградбата на гасната централа во близина на Александрополи, каде што уделот на Северна Македонија е 25 % од вкупната вредност. Докажавме дека е можно да се соработува, дека нема непремостлива пречка, преку дијалог, меѓусебно почитување, разбирање и соработка секој предизвик има решение, за тоа се доказ овие стратешки проекти кои се важни за целиот регион и тие се поддржани од нашите партнери ЕУ и НАТО“, рече Битиќи.
Дообјасни дека неодамна е постигната согласност дека во првиот квартал на 2022 година ќе биде воспоставен цевководот за дистрибуција на нафтени деривати помеѓу Солун и Скопје.
„Кога зборуваме за среднорочно и долгорочно планирање, оваа година Владата на Република Северна Македонија усвои еден значаен документ, тоа е интервентниот план за инвестиции (ИПИ), со кој во еден среднорочен период, до 2027 година, предвидуваме реализација на инвестиции во вредност од 8,2 милијарди евра“, потенцира вицепремиерот за економски прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

