Спорт
Mozzart ги собра регионалните ѕвезди – Погледнете како изгледа средбата на Биковиќ, Северина и Шербеџија
Што имаат заедничко Северина, Милош Биковиќ и Раде Шербеџија? Поглед назад, во нивните богати кариери, јасно ни говори дека тие тројца се победници во она што го прават, а поглед напред ќе ви открие дека овој пат се најдоа на заедничка задача – низ целиот регион да ја пренесат пораката од Mozzart – БИДИ ПОБЕДНИК!
Подобри од нив за таа работа нема – гласот на Северина веќе со децении е омилен од Гевгелија до Триглав, улогите на Милош се раскажуваат во сите временски зони, од Енкориџ до Владивосток, а храброста на Раде пред камера е легендарна и таму каде, кога е во прашање филмската индустрија, сè почнува и завршува – во Холивуд.
Победници. А на таквите местото им е во Mozzart.

Новата спектакуларна реклама на компанија Mozzart ни носи филмско сценарио и интересен заплет – кој ќе го освои значајното признание, а кој ќе биде победник, ќе дознаете наредните денови, и ќе имате можност да фрлите поглед и позади сцената и да дознаете како најголемите ѕвезди го поминуваат времето додека камерата не е вперена во нив. Сето ова е во режија на еден од најталентираните српски режисери Немања Чипраниќ.
Дали ќе победи шармот, младоста или искуството, каква е вашата прогноза?
Токму Mozzart е местото каде што се среќаваат младоста и искуството. Во кое навидум неспојливото делува природно поврзано. Место на кое сме сите исти. Со желба за добра забава и возбудувања. Оние кои не се откажуваат – победници.
Милош Биковиќ со задоволство одговори на повикот за оваа улога.
„Ни недостига повеќе квалитетна и уметничка содржина, која го гради имиџот на вистинските брендови, а оваа реклама на Mozzart е токму тоа“, рече младиот актер.
Раде Шербеџија истакна дека му претставува особено задоволство што по прв пат работи со Биковиќ за кого слушнал многу убави работи.
„Драго ми е, се разбира, и заради Северина, но со неа веќе имам многу соработувано. За Милош сите зборуваат дека е одличен, драго ми е што конечно работиме нешто заедно. Ретко се согласувам да работам на вакви проекти, само кога искрено верувам во нив и имам добри соработници. Претходната реклама на која работев заврши на Супербоул, верувам дека и оваа реклама ќе има светла иднина“, истакна Шербеџија.
За крај, оваа фантастична екипа порачува:
Донеси одлука. Биди победник.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дембеле одбил да го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми.
ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на шампионите.
Според извештаите, Дембеле веќе добил првична понуда од клубот, но таа не е во согласност со неговите финансиски барања.
Како што се истакнува, понудената плата е околу 30.000.000 евра по сезона, проблем е што менаџерот на фудбалерот бара речиси двојно поголема сума, поради што договорот во моментов е далеку.
Во сезоната 2024/2025, Дембеле ги освои најважните индивидуални награди, вклучувајќи ја Златната топка, наградата „Најдобар“ на ФИФА и наградата за најдобар играч на Лигата на шампионите, а одигра и клучна улога во освојувањето на првиот европски трофеј во историјата на ПСЖ.
Спорт
Барселона нуди 30 милиони евра за Рашфорд
Маркус Рашфорд се чини дека ги се наметна во Барселона на задоволство на тренерот Ханси Флик.
Челниците на „блауграната“ решија да му испратат понуда на Манчестер Јунајтед за откуп на договорот на репрезентативецот на Англија.
Според шпанските медиуми, Барса е подготвена да издвои 30 милиони евра.
Во дресот на Барселона, крилниот напаѓач одигра 18 натпревари и постигна два гола.
Спорт
Рој Кин: Фергусон е како смрдеа од која не можеш да се ослободиш
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, повторно проговори за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, а овој пат остро го критикуваше легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Познат по своите остри и директни ставови, Кин отворено проговори во програма во живо за отпуштањето на Рубен Аморим и начинот на кој клубот носи клучни одлуки, не штедејќи ги луѓето кои, формално, повеќе не се дел од структурите на Манчестер Јунајтед.
„Што всушност се случува на тие интервјуа за работа? Секогаш ме интересира зошто истите луѓе добиваат шанси. Како можат да сфатат по 12 или 14 месеци дека некој не е вистинскиот човек за клубот?“, почна Кин.
Потоа отиде чекор понатаму и директно го спомена Фергусон, кој сè уште редовно ги гледа натпреварите од трибините на „Олд Трафорд“.
„Не го сфаќате ли тоа во разговорот? Го гледата чобекот во очи. Гледате кој навистина ги прави потезите во Манчестер Јунајтед. Фергусон и Дејвид Гил сè уште се шетаат како смрдеа што не може да се избрка.“
Нетрпението меѓу Рој Кин и Алекс Фергусон трае од 2005 година, кога легендарниот менаџер одлучи да го продаде својот капитен по контроверзно интервју на клупската телевизија.
Дека тензијата сè уште постои, потврди самиот Фергусон во 2024 година, кога го исфрли Кин од листата на своите најдобри капитени во историјата на клубот, и покрај фактот дека Ирецот ја носеше капитенската лента во осум исклучително успешни сезони.
Најновите коментари на Кин се само продолжение на долгогодишната и јавна расправија меѓу две икони на Манчестер Јунајтед.

