Црна хроника
Притворен скопјанец кој во куќа во Долно Мелничани одгледувал марихуана

Скопјанец одгледувал насади со канабис во куќа во селото Долно Мелничани.
При претрес извршен на 04.09.2021 година, во куќа, сопственост на неговата мајка, во селото Долно Мелничани, општина Центар Жупа, полициските службеници пронајдоа насади со 24 стебла од растението Канабис како и 5 стебла насадени во пластични саксии.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против О.З.(45) од Скопје и одредена му е мерка притвор од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен скопјанец, ги нападнал сопругата и ќерката, а оштетил и дел од мебелот

Полицијата во Центар вчера го приведе М.Ј.(59) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал својата 51-годишна сопруга и нивната 22-годишна ќерка и оштетил дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
„Мерцедес“ со германска регистрација се запали кај плоштадот во Свети Николе

Автомобил „мерцедес“ се запали синоќа на паркинг во близина на градскиот плоштад во Свети Николе.
Возилото, со германски регистерски ознаки, било сопственост на Т.Ш.(53) од овој град.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, соопшти МВР.
Црна хроника
Повредени четири лица во сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп

Две возила се судрија вчера на патот Битола – Прилеп, кај селото Лознани, битолско, пришто повредени се четири лица, од кои едно потешко.
Во несреќата учествувале автомобил управуван од А.М.(50) од Битола, а кај другото возило зад воланот бил И.С.(26) од Кичево.
Според информациите од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.С., констатирани во Клиничка болница Битола.
Битолчанецот се здобил со тешки повреди, а неговите двајца сопатници, меѓу кои и дете се полесно повредени.
Извршен е увид.