Европа
Британската полиција истражува врска на десниот екстремизам со убиството на пратеничката

Британската полиција во петокот соопшти дека десничарскиот екстремизам е важна насока во истрагата за убиството на 41-годишната лабуристичка пратеничка Џо Кокс, откако мажот приведен за нејзиното убиство е осомничен за врски со неонацисти и историја на душевна болест.
Џо Кокс, за која британските медиуми потенцираат дека беше приврзаник на останување на Велика Британија во Европската унија, беше застрелана и прободен со нож во четвртокот од маж, за кој сведоците велат дека наводно при нападот извикувал „Прво Британија“, во нејзиниот изборен круг во близина на Лидс во северна Англија. Тоа, инаку, е име на крајно десна партија којашто на своите интернет страници себеси се опишува како „патриотска партија и улична организација за самоодбрана“.
Полицијата го уапси 52-годишниот Томас Мејр, во близина на местото на инцидентот, и тој и натаму е во притвор каде е испрашуван. Тој сé уште не е обвинет.
Полицијата соопшти дека припадниците на антитерористичката агенција се вклучени во истрагата за нападот кој се случил кога Кокс одела да се сретне со своите гласачи во локалната библиотека.
„Свесни сме за шпекулациите во медиумите во врска со поврзаноста на осомничениот со службите за психичко здравје и таа насока ја следиме“, изјави во соопштение привремената началничка на полицијата во Западен Јоркшир, Ди Колинс.
„Свени сме и за заклучоците во медиумите за тоа дека осомничениот е поврзан со десниот екстремизам, што е приоритетна насока на истрагата којашто ќе ни помогне да ги утврдиме мотивите за нападот врз Џо“, додава.
Право Британија, крајно десната националистичка група, решително негираше каква и да е поврзаност со осомничениот за убиството на надежната млада лабуристка, мајка на две малолетни ќеркички.
Меѓутоа, американска група за граѓански права соопшти дека тој Мејр претходно бил поврзан со една неонацистичка организација. Southern Poverty Law Center (SPLC), група чие седиште е во американската сојузна држава Алабама, на својата интернет страница објави дека наводно дошла до податоци коишто покажуваат дека Томас Маир бил поврзан со ненонацистичката организација Национален сојуз (NA) во 1999 година.
SPLC објави слики коишто, како што наведува, покажуваат нарачки за книги кои Мејр, чијашто адреса е наведена како Бетли во северна Англија, купил од издавачот на Националниот сојуз – „National Vanguard Books“ во мај споменатата 1999 година. Нарачката вклучува и прирачник за тоа како да се состави пиштол, изјави SPLC./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин