Црна хроника
Починатата лекарка била избодена 17 пати

Директорката на Заводот за рехабилитација, Љиљана Угриновска им подлегна на повредите и покрај сложените оперативни зафати и сите напори на лекарите
„И покрај сите напори на врвниот медицински тим на хируршките клиники во Скопје, кој даде се од себе да се спаси животот на д-р Љиљана Груевска – Угриновска, таа им подлегна на повредите“ соопштуваат од Министерството за здравство.
Вработен лекар во Заводот, 62-годишниот Михајло Л. утрово околу 10:30 часот на Угриновска и нанесе 17 убоди со нож во пределот на градите и градниот кош. На нападот му претходела расправија, но од МВР се уште не ги знаат точните причини за нападот. Истрагата треба да открие причините, а во меѓувреме ножот со кој била избодена директорката Угриновска е пронајден и предаден на вештачење, напаѓачот приведен.Министерство за здравство во согласност со своите надлежности ќе формира специјален тим кој треба да спроведе детално испитување на причините кои довеле до овој трагичен настан.
„Директорката на Заводот за рехабилитација во Козле, др. Лилјана Груевска – Угриновска, која почина денеска, беше донесена на Хируршките клиники по 11 часот во тешка состојба предизвикана од искрварување од претходно нанесени 16 или 17 убодни рани со нож“, изјави попладнево за МИА, директорот на Клиниката за торако-васкуларна хирургија Зоран Спировски.Според Спировски, 15 од повредите биле витално загрозувачки.„По кратка подготовка, Груевска – Угриновска беше внесена во хируршка сала во исклучително тешка состојба. Врз неа е извршен опсежен оперативен зафат на повеќе органи и системи во кој беа вклучени тим на торакални, васкуларни, дигестивни и други хирузи“, вели Спировски.Кај 64-годишната пациентката биле констатирани повреди на лицевата и јазична артерија, на усната шуплина, потклучната вена, белиот дроб и срцето.„Констатирани се повреди и на дебело црево, стомачната обвивка и десната дланка, што укажува дека веројатно се бранела од напаѓачот. Оперативниот зафат траеше повеќе од пет часа, но 10 до 15 минути по неговото завршување дојде до нагло попуштање на срцевата функција поради што мораше повторно да се отвори градниот кош. Но, и покрај големите напори и давањето терапија, за жал, повредената не се поврати во живот. Почина 15 минути по завршените оперативни зафати, објасни доктор Зоран Спировски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се запалија викендичка на Матка и кафеана во Гази Баба

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле два одделни пожари, потврди Министерството за внатрешни работи.
Првиот пожар избувнал околу 09:50 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, а вториот околу 16:38 часот во викенд-куќа во село Долна Матка, сопственост на Ј.Д. (71) од Скопје.
Во двата случаи пожарите биле изгаснати од екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, повредени лица нема, а увид извршиле екипи од СВР Скопје.
Црна хроника
Приведен маж од Мршевци по пријава дека физички нападнал малолетник

Полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.С. (54) од село Мршевци, општина Илинден, по пријава дека физички го нападнал малолетниот син на 39-годишната А.Ј.
Инцидентот се случил на 19 октомври 2025 година околу 15:30 часот во селото Мршевци. Од МВР информираа дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против приведениот.
Црна хроника
Скопјанец му се заканувал и му го оштетил возилото на својот брат

Полицијата го приведе Б.М. (45) од Скопје на подрачјето на Карпош, по пријава дека упатувал закани кон својот 46-годишен брат, а потоа со тврд предмет го оштетил неговото патничко возило.
Инцидентот се случил вчера околу 10 часот, а по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од Министерството за внатрешни работи.