Црна хроника
Уапсен крадец од Скопје, извршил две тешки кражби

32-годишен скопјанец бил приведен поради сомнение дека извршил тешка кражба во книжарница во Скопје.
Според полицијата, вчера, во 14.45 часот, во парк на улицата 11 Октомври во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е. Д. (32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела тешка кражба во книжарница на улицата Ѓуро Стругар во Скопје.
Во разговор со полициски службеници тој ги признал делата.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишени од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

Црна хроника
Фатен малолетен крадец во Дебар, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.