Македонија
СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија на Груевски, знае само за лаги и блокади
Според владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, е партија што сѐ уште функционира како во времето на нејзиниот почесен претседател во бегство, Никола Груевски.
Таа партија, предводена од Мицкоски, велат од СДСМ, знае само за лажни вести, блокади и деструкции.
„ВМРО-ДПМНЕ постојано е на спротивната страна од интересите на граѓаните, постојано нешто кочи и блокира. Последен таков случај се обидите за опструкција на работата на Собранието“, посочуваат од СДСМ.
Во нивниот писмен допис потенцираат дека ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште ја кочи изградбата на новиот клинички центар во Скопје, беше, како што велат од таму, против пакетите економски мерки за помош на граѓаните и стопанството, против поголеми плати и пензии.
„Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, партија што секогаш има проблем кога парите завршуваат кај граѓаните наместо во нивниот скапоцен дворец. Таквото нивно однесување одамна е препознаено од страна на граѓаните, затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги чека нов убедлив пораз на изборите“, се додава во соопштението од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.