Црна хроника
Ново убиство на американски универзитет

Студент им подлегнал на повредите здобиени во пукање во универзитетскиот кампус во градот Оринџберг во американската сојузна држава Јужна Каролина.
Како што пишува Associated Press повикувајќи се на администрацијата на универзитетот, пукотниците се случиле во универзитетскиот интернат ноќта кон саботата. Според полицијата, станува збор за четворица напаѓачи коишто побегнале од кампусот.
Полицијата трага по сторителите, а мотивите за злосторството засега не се познати.
И покрај тоа што напаѓачите избегале до територијата на универзитетот, полицијата го блокирала кампусот, како што соопштиле локалните власти, поради сомневањето дека осомничените може да се вратат на местото на злосторството. Универзитетските власти прогласиле тревога и ги повикале студентите да бидат претпазливи./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.