Македонија
Маричиќ: Власта не се меша во истрагата за пожарот во Тетово

Власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Да сакаше да се меша, немаше да повика германски истражители од највисок ранг, кои треба да ги испитаат сите околности, изјави денеска министерот за правда, Бојан Маричиќ, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали власта се меша во истрагата во Тетово.
Маричиќ потенцира дека германските истражители пристигнале вчера и дека сите институции се ставени на раполагање да помогнат во истрагата.
„Вчеравечер беше свикан кризниот штаб и сите документи им се предадени на надлежните институции. Обезбедено е местото на настанот и сите предуслови за брза и успешна истрага ги имаат институциите, а ние како Влада сме заинтересирани што побргу да излезат институциите со фактите, кои ќе помогнат за понатамошно постапување и извлекување научени лекции од овој трагичен настан“, рече министерот за правда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Додека ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН се расправаат, целиот систем се распаѓа

Според СДСМ, Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната и најхаотичната што Македонија ја имала.
„Додека ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН се занимаваат со внатрешни пресметки и коалициски кавги институциите се уриваат пред очите на граѓаните.
Системот е на работ на колапс, а владата функционира како неорганизиран картел, повеќе фокусирана на тоа кој ќе земе повеќе, отколку на тоа како да се решат проблемите на народот. Граѓаните секој ден гледаат, наместо работа, партиски препукувања. Наместо резултати, скандали. Наместо политики за народот, тивки борби за тендери и функции“.
Како што оценуваат, здравството е во колапс, економијата во слободен пад, инфраструктурата е заглавена. Платите за илјадници вработени во јавниот сектор не се неисплатени, проекти – нула.
Владата, како што додаваат не работи за народот, туку само за себе.
А парите, според СДСМ, наместо да одат кај граѓаните и работниците за повисоки плати се трошат за лукзусни овошја, папаја, манго, луксузни хотели, приватни авиони и патувања со државни делегации како туристички тури.
„Ова не е Влада која работи за граѓаните – ова е организиран хаос на штета на државата. Оваа влада нема капацитет, нема план, нема визија. Единствено што гледаме се кавги, скандали и неспособност“, велат од СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Тошковски не сокри нешто, не рече дека законот не важи за неговиот татко

Апасиев е фрустриран од работата на Тошковски, бидејќи законот важи за сите, Левица да одговори како освен сутерен во строг центар на градот стигна и до ресторански локал, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на Левица дека татко му на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, е вмешан во измамите со инвалидските пензии.
„Ја разбираме и нервозата и фрустрацијата на партијата Левица, приврзок на Зоран Заев и групата вљубеници во делото на Енвер Хоџа спрема министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Позади таа фрустрација се крие стравот и знаењето дека Тошковски расчистува со криминалците, и што законот после долги децении важи за сите подеднакво. Тошковски не сокри нешто, не рече дека законот не важи за неговиот татко, а за сите други важи, туку и роден брат или сестра да е, ако се огреши треба да одговара. Затоа и Левица и Димче Апасиев се преплашени. А еве дополнителна причина за нивен нов страв“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму повторија дека т.н. подрум кој Левица го купи во центарот на градот по багателно ниска цена, не е само подрум, туку има и приземје.
„На тоа место, кое е над земја три-четири метри е регистриран локал, односно друштво за угостителство и услуги „Павилјон 36“ ДООЕЛ Скопје. Регистриран е на истата адреса каде што се наоѓа подрумот или сутеренот. Дури и си направиле профили по социјалните медиуми, прилично слични на профилот на една политичка партија. Кога малку ќе се истражи и ќе се извади тековната состојба, покрај тоа што уплатиле 5000 евра во кеш за регистрирање на ова друштво за угостителство и услуги, се јавува како сопственик лицето Зоран Ивановски. Тој се јавува како управител, како менаџер и ја регистрирал оваа фирма, која се занимава со дејност ресторани, но и дејности на интернетски портали. Тоа е подружницата од ова друштво. Лицето Зоран Ивановски е дел од претседателството од Левица и е дел од управниот одбор на „Скопски водовод“, а на интернет има и негови фотографии со претседателот на политичката партија Левица“, се наведува во реакцијата.
Дополнително, велат од таму, ако ги слушате последните искази од случајот поврзан со Палевски и сведочењата таму, ќе слушнете дека тие се среќавале во штабот на партијата Десна, којшто бил во објектот Опера хаус, а објектот Опера хаус е токму овој објект.
Македонија
Се огласи девојката која беше пријавена за исчезната: Објавата е лажна

Симона Стојкова, која вчера беше пријавена за исчезната, објави на „Фејсбук“ дека веста за нејзиното исчезнување е лажна.
„Драги пријатели, сите што ме познавате лично и оние што не ме познавате – објавата што денес се прошири дека сум исчезната е ЛАЖНА!!! Се кренала лажна тревога!!! Ви благодарам за трудот и загриженоста да ме најдете, но навистина се работи за лажна тревога. Поздрав!“, напиша Стојкова.
Вчера на интернет страницата „najdime.org.mk“ беше објавено дека Стојкова (35) е исчезната. Објавата беше споделувана од корисниците на социјалната мрежа. Според тоа што беше објавено на интернет-страницата, наводно таа се јавила со врискање на денот на исчезнувањето (23.04.2025).
Подоцна од МВР информираа дека кај нив нема пријава за таков случај.